Што мислиш, ако ги клањам задолжителните намази, постам во рамазан, го сметам халалот за халал и харамот за харам,
,Нема намаз во присуство на (поставена) храна, ниту додека човекот се воздржува од природните потреби (од големата и малата нужда).‘“
„Ако му речеш на твојот другар: ,Молчи!‘ во петок, додека имамот држи хутба, тогаш си направил престап.“
„Навистина, најтешки намази за мунафиците се јација намазот и сабах намазот, но кога би знаеле какво (добро) има во нив, би доаѓале дури и ползејќи
„Петте дневни намази, петок до петок, и рамазан до рамазан, ги бришат гревовите меѓу нив, ако се избегнуваат големите гревови.“
„Кој ќе ја помине ноќта на Лејлетул Кадр во намаз, верувајќи и очекувајќи награда за тоа, ќе му се простат гревовите кои претходно ги направил
Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, помеѓу две сеџди, велел: „Аллаху, прости ми, смилувај ми се, дај ми здравје, упати ме и нахрани ме!“
О Аллах, Ти си Селам и од Тебе е селамот, благословен си Ти, О Сопственику на големината и благородноста
Дали го слушаш езанот за намаз?‘ тој одговори потврдно, а Пратеникот му рече: ,Тогаш мора да се одѕвиеш.‘“
Што мислиш, ако ги клањам задолжителните намази, постам во рамазан, го сметам халалот за халал и харамот за харам,
„Чистотата е половина од верувањето. Зборот „елхамдулиллах“ ја исполнува вагата, а зборовите „субханаллах“ и „елхамдулиллах“ го исполнуваат просторот помеѓу небесата и земјата
„Кога муезинот ќе каже: ,Аллаху Екбер, Аллаху Екбер‘ (Аллах е Најголем), па некој од вас ќе каже (и ќе повтори): ,Аллаху Екбер, Аллаху Екбер‘
„Кој ќе заборави некој намаз, нека го клања кога ќе се сети на него, затoa што нема друго искупување за тоа освен на тој начин
„Навистина, договорот што е помеѓу нас и нив (неверниците) е намазот, па оној кој ќе го остави (намазот) – тој навистина станал неверник.“
„Зарем никој од вас не се плаши кога ќе ја крене главата пред имамот, Аллах да не ја претвори неговата во глава на магаре или да го направи неговиот изглед во изглед на магаре?!“
дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ги кревал рацете до висината на рамениците кога ќе го започнел намазот,
„Алаховиот пратеник, алејхи селам, ми го научи тешехудот, додека дланката ми беше помеѓу неговите дланки, како што ме подучуваше на сура од Куранот
Аллахумме инни е‘узу бике мин ‘азабил-кабри ве мин ‘азабин-нари ве мин фитнетил-махја вел-мемати ве мин фитнетил-месихид-деџџали
Кое дело му е најмило на Аллах?‘ Тој ми рече: ,Намазот да се клања во негово определеното време.‘ Прашав: ,А потоа?‘, тој одговори: ,Добродетелството кон родителите.‘ Пак прашав: ,А потоа?‘, Тој рече: ,Борбата на Аллаховиот пат
„Му дадов заклетва на Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, со сведочење дека нема друг вистински бог освен Алах и дека Мухамед е Негов Пратеник, дека ќе клањам намаз, ќе давам зекат, дека ќе бидам послушен и покорен и дека ќе бидам искрен со секој муслиман.“
, непрестано на крајот од секој намаз да велиш: Аллахумме еинни ала зикрике ве шукрике ве хусни ибадетике.‘“
,Аллаху мој, барам прибежиште во Твоето задоволство од Твојот гнев, во Твојата прошка од Твојата казна, и барам прибежиште во Тебе од Тебе. Не можам да Те пофалам доволно – Ти си тако како што Себеси си се пофалил.‘“
Беше спомнат човек пред Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, кој преспал цела ноќ сè до разденување. Тогаш пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рече: „Тоа е човек во чие уво шејтанот се измокрил,“ или рече: „во неговите уши.“
Често паѓај му ничкум на сеџда на Аллах, бидејќи секоја сеџда што ќе Му ја направиш Нему, Тој ќе те воздигне за еден степен и ќе ти избрише еден грев.‘
„Подобро е човек да го извршува намазот во џемат, отколку да го извршува дома или на пазар, дваесет и повеќе пати
„Кој јадел лук или кромид, нема да ни се придружи – или рече: нека не ѝ се приближува на џамијата, туку нека остане во неговата куќа.“
„,Што мислите, кога некој од вас би имал река пред својата врата и би се капел во неа петпати на ден, дали би останало нешто од неговата нечистотија?
„Наредете им на вашите деца да го клањаат намазот кога ќе наполнат седум години, а казнете ги ако одбијат кога ќе наполнат десет години, и во тие години раздвојте ги машките од женските во постела.“
Алаховиот пратеник еднаш дојде пред нас и го прашавме: „,О, Аллахов Пратенику, ние знаеме како да те поздравиме со селам, но како можеме да испратиме салават врз тебе?
„Кој ќе се избања во петок како што се бања после џенабет, а потоа порано тргне во џамија, ќе биде награден како да жртвувал камила
„Кој ќе земе абдест и тоа ќе го направи на убав начин, а потоа ќе дојде на џума, внимателно слушајќи и молчејќи, ќе му бидат простени гревовите помеѓу двете џуми, плус три дополнителни дена
„Кој оди во џамија наутро или навечер, Аллах ќе му подготви место во Џенетот секогаш кога ќе порани или отиде (подоцна).“
,О луѓе, ширете го селамот, нахранете ги гладните, одржувајте ги роднинските врски и клањајте ноќе додека луѓето спијат – ќе влезете во Џенетот со мир.‘“
,За секој еден муслиман, кој кога ќе настапи пропишаниот намаз, ќе земе потполн абдест и ќе клања намаз понизно и потполно, тоа ќе биде откуп за гревовите што ги направил претходно, освен ако не направил голем грев. И така ќе биде цел живот.“
„Зборовите за кои, ако човек ги изговори по секој задолжителен намаз, нема да биде во загуба: триесет и трипати ,Субханалах‘, триесет и трипати ,Елхамду лиллах‘ и триесет и трипати ,Аллаху екбер‘“
„Оној кога ќе го слушне муезинот и ги каже следниве зборови: ,Ешхеду ен ла илахе иллаллаху вахдеху ла шерике леху, ве енне Мухаммеден абдуху ве ресулуху, радијту биллахи раббен ве би Мухаммедин ресулен ве бил ислами динен‘, ќе му бидат простени гревовите.“
„Бањањето во петок, миењето на забите со мисвак и ставањето парфем, доколку го има, е должност на секој полнолетен.“
„Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ни забрани да клањаме намаз или да закопуваме мртви во три временски периода
„Кој ќе изговори кога ќе го слушне езанот: ,Аллахумме Раббе хазихид-да’ветит-таммети вес-салатил-каимети, ати Мухаммеденил-весилете вел-фадилете, веб’асху мекамен махмуденил-лези ве’адтеху. (Аллаху мој, Господару на овој совршен повик и на намазот чие време е сега, дај му го на Мухамед посредништвото и добрината и оживеј го на достојното место кое си му го ветил).‘ Нему ќе му биде дозволено моето застапништво (шефат) на Судниот ден.“
„Што им е на некои луѓе што за време на намазот ги подигаат погледите кон небото?“ – па остро ги предупреди, сè додека не рече: „Или нека престанат, или навистина ќе им биде одземен видот!“
„Клањав со Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и при предавањето на селам тој се сврте на десната страна и рече: ,Ес селаму алeјкум ве рахметуллахи ве бeракатуху‘, а потоа се сврте на левата страна и рече: ,Ес селаму алeјкум ве рахметуллах‘.”
„Секој кој после секој намаз ќе изговори, субханаллах триесет и три пати, елхамдулиллах триесет и три пати и Аллаху екбер триесет и три пати — што вкупно изнесува деведесет и девет, а за стотиот ќе рече: Ла илахе иллаллаху вахдеху ла шерике лех, лехул мулку ве лехул хамду, ве хуве ала кулли шеј-ин кадир — ќе му бидат простени гревовите, дури и ако се многубројни како морската пена.“
„Кој ќе го рецитира Ајетул-Курсиј после секој задолжителен намаз, нема да го спречи од влезот во Џенетот освен смртта.“
„Кога некој од вас ќе се посомнева во својот намаз и не е сигурен дали клањал три или четири рекати, нека го отфрли сомнежот и нека се потпре на она за што е сигурен. Потоа, нека направи две сеџди пред да го предаде селамот
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, никогаш не ги пропуштал четирите рекати пред пладневниот намаз и двата рекати пред сабахот
,Кој ќе ги чува четирите рекати пред пладневниот намаз и четирите рекати по него, Аллах ќе го заштити од Оганот.‘“
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, на двата реката на сабахскиот сунет ги рецитирал сурите „Кул ја ејјухел кафирун“ на првиот рекат и „Кул хуваллаху ехад“ на вториот
„Колективниот намаз (во џемат) е повреден од намазот што некој од вас го клања сам – за дваесет и пет степени. А при сабахскиот намаз се собираат мелеците на ноќта и мелеците на денот.“
„Најдобрите сафови за мажите се првите, а најлошите последните. Додека за жените, најдобрите сафови се последните, а најлошите првите.“
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, видел човек како клања сам зад сафот и му наредил да го повтори намазот
,Овие два намаза (сабах и јација) се најтешки за мунафиците. А кога би знаеле колкава е нивната награда, би доѓале на нив дури и лазејќи на колена
„Перото е подигнато (не запишува) за тројца: за оној што спие сè додека не се разбуди, за детето сè додека не достигне зрелост и за лудиот сè додека не се освести.“
„Еден намаз извршен во оваа моја џамија е подобар од илјада намази во која било друга џамија, освен во Месџид ал-Харам (Ќаба).“
„Кога некој од вас ќе влезе во џамијата, нека каже: ,Аллахумме ифтах ли ебвабе рахметик‘ (О Аллах, отвори ми ги вратите на Твојата милост); а кога ќе излегува, нека каже: ,Аллахумме инни ес’елуке мин фадлик‘ (О Аллах, јас барам (да ми подариш) од Твојата дарежливост).“
,Кога ќе се станете за намаз, порамнете ги редовите (сафовите). Потоа, некој од вас нека ве предводи. Кога тој ќе изговори текбир, изговорете го и вие
И се колнам во Оној во Чија рака е мојата душа, навистина јас сум најсличен во својот намаз на намазот на Пратеникот ﷺ. Ваков беше неговиот намаз сè додека не замина од овој свет.“
,Најлошиот човек кој краде е оној што го краде својот намаз.‘ Му беше речено: ,А како го краде својот намаз?‘ Рече: ,Не го извршува целосно неговиот руку и неговата сеџда.‘“
Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, кога ќе се исправеше од руку‘, велеше: Семи'a-аллaху ли-мен хамидех
Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, помеѓу двете сеџди велел: „Раббигфир ли, Раббигфир ли.“ (Господару мој, прости ми, Господару мој, прости ми.)
Тоа е шејтанот по име Хинзеб. Кога ќе го почувствуваш неговото присуство, побарај заштита кај Аллах од него, и плукни трипати налево
„О, Божји пратенику, пропаднаа имотите и патиштата се прекинаа, па моли Го Аллах да ни испрати дожд.“
„Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, немаше ниту еден доброволен намаз на кој повеќе внимаваше (за кој беше поупорен) од двата реката пред сабахскиот намаз.“
,Кога Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ќе речеше: ,Семиаллаху-лимен хамидех,‘ никој од нас не го наведнуваше грбот сè додека Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, најпрво не паднеше на сеџда, па потоа и ние одевме на сеџда по него.'“
„Кога оној што поминува пред клањачот би знаел каква казна го чека, би му било подраго да стои четириесет отколку да помине пред него.“
,Овие џамии не се место за вакви работи – за уринирање или нечистотии – туку се изградени за спомнување на Возвишениот Аллах, за намаз и за учење на Куранот.‘
„Од Сунетот е, кога муезинот во сабахскиот езан ќе каже: Хаја алел-фелах (Дојдете на спас), да каже: Ес-салату хајрун минен-невм (Намазот е подобар од спиењето).“
„Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, го започнуваше намазот со текбир, потоа рецитираше: „Ел-хамду лиллахи раббил-ʿалемин.“
Еден човек го прашал Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, додека тој бил на минберот: „Што мислиш за ноќниот намаз?“ Тој одговорил: „Два по два (реката)
„Зарем сметате дека тој што аџиите со вода ги напојува и кој води грижа за Светиот Храм е еднаков со тој што во Аллах и во оној свет верува...“ (Ет-Теуба, 19) – до крајот на ајетот.“
„Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, откако ќе го клањаше сабахскиот намаз, остануваше на своето место сè додека сонцето убаво не изгрееше
„Кога некој од вас ќе влезе во џамија, нека упати селам на Пратеникот и нека изговори: ,Аллаху мој, отвори ми ги вратите на Твојата милост!‘
„Кој го клања нашиот намаз, се свртува кон нашата кибла и го јаде нашето месо – тој е муслиман, за кого важи заштитата на Аллах и Неговиот пратеник. Затоа, не ја прекршувајте заштитата на Аллах за него.“
„Го гледав Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како го предава селамот на десната и на левата страна, сè додека не ја здогледав белината на неговиот образ.“
Навистина, човекот клања намаз, но од него му се запишува само десетина, деветина, осмина, седмина, шестина, петина, четвртина, третина или половина.‘“
„,Помеѓу двата езана има намаз, помеѓу двата езана има намаз.‘ А при третото повторување, додал: ,За оној кој сака.‘“
„Потполнетего прво предниот саф, потоа оној по него. А ако има недостаток, нека биде во последниот саф (ред).“
„Некои луѓе или ќе престанат да го оставаат петочниот намаз, или Аллах ќе им ги запечати срцата – па ќе станат од небрежните.“
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, нѐ поучуваше на истихара во сите работи – исто како што нѐ поучуваше на некоја сура од Куранот
„Откако му беше објавена сурата ,Кога Аллаховите помош и победа ќе дојдат‘ (Ен-Наср, 1), Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, не клањаше ниту еден намаз, а во него да не изговореше: ,Субханеке раббена ве бихамдик, Аллахумме-гфир ли‘ (Славен си Ти, Господару наш, и Тебе ти припаѓа сета благодарност – Аллаху мој, прости ми).“
„Кога луѓето би знаеле колкава е вредноста на езанот и првиот ред, а би немале друг начин да ги добијат освен со ждрепка – сигурно би фрлале ждрепка за нив