عن جابر رضي الله عنه:
أَنَّ رَجُلًا سَأَلَ رَسُولَ اللهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ، فَقَالَ: أَرَأَيْتَ إِذَا صَلَّيْتُ الصَّلَوَاتِ الْمَكْتُوبَاتِ، وَصُمْتُ رَمَضَانَ، وَأَحْلَلْتُ الْحَلَالَ، وَحَرَّمْتُ الْحَرَامَ، وَلَمْ أَزِدْ عَلَى ذَلِكَ شَيْئًا، أَأَدْخُلُ الْجَنَّةَ؟ قَالَ: «نَعَمْ»، قَالَ: وَاللهِ لَا أَزِيدُ عَلَى ذَلِكَ شَيْئًا.

[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم: 15]
المزيــد ...

Џабир, Аллах нека е задоволен со него, пренесува:
Еден човек го праша Божјиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем: „Што мислиш, ако ги клањам задолжителните намази, постам во рамазан, го сметам халалот за халал и харамот за харам, и не правам ништо повеќе од тоа, дали ќе влезам во Џенетот?“ Тој одговори: „Да“. Човекот рече: „Се колнам во Аллах, нема да направам ништо повеќе од тоа.“

[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم - 15]

Објаснување

Божјиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, објаснува дека оној кој ги извршува петте задолжителни намази и не додава ништо од доброволните, пости во рамазан без дополнителен доброволен пост, верува во она што е дозволено и го прави, и верува во она што е забрането и го избегнува, ќе влезе во Џенетот.

من فوائد الحديث

  1. Муслиманот треба да се грижи за извршувањето на задолжителните обврски и за избегнувањето на забранетото, со цел да влезе во Џенетот.
  2. Важноста на правењето на дозволеното и убеденоста во неговата дозволеност, и избегнувањето на забранетото и убеденоста во неговата забранетост.
  3. Извршувањето на задолжителните обврски и избегнувањето на забранетото се причина за влез во Џенетот.
Преглед на преводи
Јазик: Англиски Урду Шпански Повеќе... (65)
Повеќе...