عن بعض أزواج النبي صلى الله عليه وسلم عن النبي صلى الله عليه وسلم قال:
«مَنْ أَتَى عَرَّافًا فَسَأَلَهُ عَنْ شَيْءٍ لَمْ تُقْبَلْ لَهُ صَلَاةٌ أَرْبَعِينَ لَيْلَةً».

[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم: 2230]
المزيــد ...

Од една од сопругите на Аллаховиот пратеник, алејхи селам, се пренесува дека тој рекол:
„Кој ќе посети гатач и ќе го праша за нешто, намазот нема да му се прими четириесет ноќи.“

[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم - 2230]

Објаснување

Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, нè предупредува да не одиме кај гатач кој, на овој или оној начин, тврди дека го знае гајбот, служејќи се со разни методи. Дури и само да се праша за нешто од невидливото, Аллах на тој што прашал нема да му ја даде наградата за намазот во период од четириесет дена. Таа е казната за овој грев и за големиот престап што го направил.

من فوائد الحديث

  1. Забрането е да се занимаваме со гатање, истовремено и да одиме кај гатачите и да ги прашуваме за непознатото.
  2. Човекот може да ја изгуби наградата за некое добро дело како казна заради гревот што го направил.
  3. Значењето на овој хадис вклучува и забрана на хороскопи, читање во дланка и гледање во филџан, дури ако е од чиста љубопитност. Сето ова е гатање и претендира знаење на гајбот-непознатото.
  4. Ако ваква е казната за тој што оди кај гатачот, па каква ли ќе биде, тогаш, казната за самиот гатач?
  5. Намазот во тие четириесет дена е валиден и не мораме накнадно да ги клањаме (казаа) тие намази, но за нив нема да добиеме никаква награда.
Преглед на преводи
Јазик: Англиски Урду Шпански Повеќе... (63)