عن ابن عباس رضي الله عنهما قال: قال رسول الله صلى الله عليه وسلم:
«من اقتبَسَ علْمًا مِنَ النُّجُومِ اقْتبَسَ شُعبَة مِن السِّحرِ، زادَ ما زادَ».

[صحيح] - [رواه أبو داود وابن ماجه وأحمد] - [سنن أبي داود: 3905]
المزيــد ...

Ибн Абас, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Кој ќе стекне знаење од астрологија, во толкава мерка ќе стекне знаење за сихр-маѓија. Едното се зголемува со другото.“

[صحيح] - [رواه أبو داود وابن ماجه وأحمد] - [سنن أبي داود - 3905]

Објаснување

Аллаховиот Пратеник во овој хадис ни објаснува дека оној кој учи од астрологијата, т.е. знаење за влијанието на ѕвездите, соѕвездијата и нивните движења врз настаните на Земјата, како на пример нечија смрт поради едно од горенаведените, нечије раѓање, болест или било која случка. Таквиот делумно научил сихр-маѓија. И колку повеќе учи астрологија, толку повеќе ја знае маѓијата.

من فوائد الحديث

  1. Астрологија со која предвидуваме иднина, базирајќи се на положбата на ѕвездите, е забранета, бидејќи со неа тврдиме дека го знаеме гајбот-непознатото.
  2. Забранетата астрологијата е еден вид на сихр и е спротивна на монотеизмот, а во оваа забрана не спаѓа астрономијата, со која ги следиме небесните тела заради познавањето на страните на светот, киблата или почетокот на месеците и годишните времиња. Астрономијата е дозволена.
  3. Колку повеќе стекне знаење од забранетата астрологија, толку повеќе навлегува во делот на сихрот-маѓијата.
  4. Ѕвездите имаат три корисни работи кои ги спомнал Аллах во Куранот: Тие се украс на небото, според нив може да се ориентираме и со нив се гаѓаат на шејтаните.
Преглед на преводи
Јазик: Англиски Урду Шпански Повеќе... (63)
Повеќе...