عن جابرٍ رضي الله عنه قال: سمعت النبي صلى الله عليه وسلم يقول:
«إِنَّ بَيْنَ الرَّجُلِ وَبَيْنَ الشِّرْكِ وَالْكُفْرِ تَرْكَ الصَّلَاةِ».

[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم: 82]
المزيــد ...

Од Џабир, радијаллаху анху, се пренесува дека рекол: „Го слушнав Аллаховиот пејгамбер, салаллаху алејхи ве селем, како вели:
„Навистина, помеѓу човекот и помеѓу ширкот (многубоштвото) и неверувањето е оставањето на намазот.“

[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم - 82]

Објаснување

Пратеникот ﷺ предупредил за опасноста од оставањето на пропишаниот намаз и известил дека помеѓу човекот, ширкот и неверувањето стои оставањето на намазот. Намазот е вториот столб на исламот и има огромна важност во верата. Кој го напушта негирајќи ја неговата задолжителност, тој, според консензусот на муслиманите, станува неверник. Ако го остава целосно поради немарност и мрзеливост, исто така се смета за неверник, а се пренесува и дека постоел едногласен став на асхабите за тоа. Но, ако некогаш го извршува, а понекогаш го пропушта, тогаш тој е подложен на оваа сериозна закана.

من فوائد الحديث

  1. Важноста на намазот и неговото чување е од суштинско значење, бидејќи тој е границата помеѓу неверството и верувањето.
  2. Сериозно предупредување за оставањето и запоставувањето на намазот.
Преглед на преводи
Јазик: Англиски Урду Шпански Повеќе... (57)
Повеќе...