„Кој ќе заборави некој намаз, нека го клања кога ќе се сети на него, затoa што нема друго искупување за тоа освен на тој начин
„Навистина, договорот што е помеѓу нас и нив (неверниците) е намазот, па оној кој ќе го остави (намазот) – тој навистина станал неверник.“
Беше спомнат човек пред Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, кој преспал цела ноќ сè до разденување. Тогаш пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рече: „Тоа е човек во чие уво шејтанот се измокрил,“ или рече: „во неговите уши.“
„Наредете им на вашите деца да го клањаат намазот кога ќе наполнат седум години, а казнете ги ако одбијат кога ќе наполнат десет години, и во тие години раздвојте ги машките од женските во постела.“
„Кој го клања нашиот намаз, се свртува кон нашата кибла и го јаде нашето месо – тој е муслиман, за кого важи заштитата на Аллах и Неговиот пратеник. Затоа, не ја прекршувајте заштитата на Аллах за него.“