+ -

عَنْ أَنَسِ بْنِ مَالِكٍ رَضيَ اللهُ عَنْهُ قَالَ: قَالَ رَسُولُ اللَّهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ:
«مَنْ صَلَّى صَلاَتَنَا وَاسْتَقْبَلَ قِبْلَتَنَا وَأَكَلَ ذَبِيحَتَنَا فَذَلِكَ المُسْلِمُ الَّذِي لَهُ ذِمَّةُ اللَّهِ وَذِمَّةُ رَسُولِهِ، فَلاَ تُخْفِرُوا اللَّهَ فِي ذِمَّتِهِ».

[صحيح] - [رواه البخاري] - [صحيح البخاري: 391]
المزيــد ...

Енес бин Малик, Аллах нека е задоволен со него, раскажува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Кој го клања нашиот намаз, се свртува кон нашата кибла и го јаде нашето месо – тој е муслиман, за кого важи заштитата на Аллах и Неговиот пратеник. Затоа, не ја прекршувајте заштитата на Аллах за него.“

[صحيح] - [رواه البخاري] - [صحيح البخاري - 391]

Објаснување

Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, известил дека оној кој се придржува кон видливите обреди на верата – го извршува намазот како муслиманите, се свртува кон Ќабата како кибла и го смета за дозволено јадењето од нашето месо – тој е муслиман, за кого важи аманетот и заветот на Аллах и Неговиот пратеник. Затоа, строго е забрането да се погази аманетот и заветот на Аллах во однос на него.

من فوائد الحديث

  1. Ибн Реџеб рекол: „Овој хадис укажува дека човечката крв не станува заштитена само со изговарањето на двата шехадета, сè додека не се исполнат и нивните права. Најважното право меѓу нив е намазот, и затоа тој е посебно спомнат. Во друг хадис, покрај намазот, е додаден и зекатот.“
  2. Работите на луѓето се ценат според нивната надворешност, а не според внатрешноста. Затоа, на оној што ги манифестира обредите на верата за него се применуваат шеријатските прописи, сè додека не го покаже спротивното.
  3. Ибн Реџеб рекол: „Спомнувањето на свртувањето кон киблата укажува дека намазот мора да биде извршен на начин како што е пропишан за муслиманите – врз основа на нивната Книга, која му е објавена на нивниот Пратеник, и тоа кон Ќабата. А оној што клања кон Бејтул-Макдис по неговото укинување, како евреите, или кон Исток, како христијаните – не е муслиман, дури и ако го сведочи сведоштвото на тевхидот.“
  4. Во овој хадис има доказ за големата важност на свртувањето кон киблата во намазот, бидејќи од сите негови услови спомнато е само тоа – а не, на пример, чистотата или други услови.
  5. Ибн Реџеб рекол: „Спомнувањето на јадењето од месото на муслиманите укажува дека нужно е придржувањето кон сите видливи прописи на исламот. А меѓу најважните е јадењето од нивното месо и согласувањето со нив во тоа. Кој тоа го одбива – не е муслиман.“
Превод: Индонезиски Бенгалски Виетнамски Курдски Португалски التايلندية الأسامية الهولندية الدرية المجرية الجورجية
Преглед на преводи
Повеќе...