عن أبي موسى رضي الله عنه قال: قال رسول الله صلى الله عليه وسلم:
«إِنَّ اللهَ لَيُمْلِي لِلظَّالِمِ، حَتَّى إِذَا أَخَذَهُ لَمْ يُفْلِتْهُ» قَالَ: ثُمَّ قَرَأَ: «{وَكَذَلِكَ أَخْذُ رَبِّكَ إِذَا أَخَذَ الْقُرَى وَهِيَ ظَالِمَةٌ إِنَّ أَخْذَهُ أَلِيمٌ شَدِيدٌ}[هود: 102]»

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري: 4686]
المزيــد ...

Ебу Муса, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Семоќниот Аллах му дава рок на неправедникот, но кога ќе го фати нема да може да избега. Потоа, Пратеникот го рецитирал ајетот: ,Ете така Господарот твој казнува кога казнува села и градови кои правеле насилства, Тој ги казнува, навистина, болно и страшно.‘“ [Худ: 102].

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري - 4686]

Објаснување

Аллаховиот пратеник, алејхи селам, нè предупредува за тоа колку е погубно да се настојува во гревови, ширк (политеизам) и неправда кон луѓето. Аллах, Севишниот, го остава неправедникот да прави неправда, го остава да живее, му дава богаство и му ја одложува казната, но ако не се покае, го зграбува и не го остава ниту го пушта поради неправдата што ја направил.
Потоа Пратеникот го цитирал ајетот: „Ете така Господарот твој казнува кога казнува села и градови кои правеле насилства, Тој ги казнува, навистина, болно и страшно.“ [Худ: 102].

من فوائد الحديث

  1. Паметниот треба да побрза да се покае, нема никогаш да биде сигурен од Аллаховата казна, доколку продолжи со неправедноста.
  2. Аллах, Возвишениот, им дава рок на неправедните и не ибрзува со казната, за да навлезат подлабоко во гревот и за да им ја зголеми казната доколку не се покаат.
  3. Неправедност е причина за Аллаховото казнување на цели народи.
  4. Ако Аллах уништи некој народ, а помеѓу нив имало и добри луѓе, таквите ќе бидат оживеани на Судниот ден во состојба во која се наоѓале – со добри дела, и нема да им наштети тоа што ги опфатила казната предвидена за неправедните.
Преглед на преводи
Јазик: Англиски Урду Шпански Повеќе... (63)
Повеќе...