عَنْ أَبِي هُرَيْرَةَ رضي الله عنه قالَ: قالَ رَسُولُ اللَّهِ صلَّى اللَّهُ عليْه وسلَّمَ:
«دِينَارٌ أَنْفَقْتَهُ فِي سَبِيلِ اللهِ، وَدِينَارٌ أَنْفَقْتَهُ فِي رَقَبَةٍ، وَدِينَارٌ تَصَدَّقْتَ بِهِ عَلَى مِسْكِينٍ، وَدِينَارٌ أَنْفَقْتَهُ عَلَى أَهْلِكَ أَعْظَمُهَا أَجْرًا الَّذِي أَنْفَقْتَهُ عَلَى أَهْلِكَ».
[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم: 995]
المزيــد ...
Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Динарот што ќе го потрошиш на Аллаховиот пат, динарот што ќе го дадеш за ослободување роб, динарот што ќе го дадеш како садака на сиромав, и динарот што ќе го потрошиш за своето семејство – најголема награда има од оној што ќе го потрошиш за своето семејство.“
[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم - 995]
Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, спомнал неколку видови на трошење на имотот:
– динарот што ќе го потрошиш на Аллаховиот пат,
– динарот што ќе го дадеш за ослободување роб,
– динарот што ќе го поделиш како милосрдие на сиромав,
– и динарот што ќе го потрошиш за своето семејство и децата.
Потоа појаснил дека најголема награда кај Аллах има динарот што ќе го потрошиш за своето семејство и за оние за кои си должен да се грижиш.