عَنْ أَبِي هُرَيْرَةَ رَضِيَ اللَّهُ عَنْهُ أَنَّ النَّبِيَّ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ قَالَ:
«مَا مِنْ يَوْمٍ يُصْبِحُ العِبَادُ فِيهِ إِلَّا مَلَكَانِ يَنْزِلاَنِ، فَيَقُولُ أَحَدُهُمَا: اللَّهُمَّ أَعْطِ مُنْفِقًا خَلَفًا، وَيَقُولُ الآخَرُ: اللَّهُمَّ أَعْطِ مُمْسِكًا تَلَفًا».

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري: 1442]
المزيــد ...

Од Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Секој ден, кога ќе осамнат луѓето, слегуваат двајца мелеци. Едниот вели: ,О Аллах, надомести му на оној што троши (во добри дела)!‘ А другиот вели: ,О Аллах, направи имотот на оној што е скржав да пропадне!‘“

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري - 1442]

Објаснување

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, известил дека секој ден кога ќе изгрее Сонцето, слегуваат двајца мелеци и повикуваат, едниот од нив вели:
„О Аллах, подари му на оној што го троши својот имот во покорност кон Тебе, за своето семејство, за гостите и за доброволните дела – надоместок и уште поголема добрина, и подари му бериќет.“
А другиот вели:
„О Аллах, направи имотот на оној што е скржав и не дава во добри цели да пропадне, и уништи го богатството што го ускратил од оние што го заслужуваат.“

من فوائد الحديث

  1. Дозволено е да се прави дова Аллах да му подари уште поголема награда на оној што е дарежлив и да му надомести повеќе отколку што потрошил. Исто така, дозволено е да се дови против скржавиот, така што неговиот имот да пропадне, бидејќи бил скржав и го ускратил од трошење во она што Аллах му наредил.
  2. Мелеците прават дова за верниците кои трошат во добри цели, молејќи Аллах да им подари добрина и бериќет, а нивните дови се прифатени.
  3. Поттикнување на трошење и дарување, како во задолжителни, така и во доброволни цели – како што се издржувањето на семејството, одржувањето на роднинските врски и друго.
  4. Појаснување на вредноста на оној што троши во добри цели и дека неговата награда е тоа што Аллах ќе му го надомести. Возвишениот Аллах вели:
  5. „Кажи: ,Господарот мој дава обилно надоместување кому сака од робовите Свои, а кому сака ускратува; што и да дадете, Тој тоа ќе го надокнади, Тој најдобро снабдува.‘“ (Сабе, 39)
  6. Оваа дова се однесува на оној што ги задржува своите средства и не троши за задолжителните/обврзувачките трошоци. Што се однесува до доброволните трошоци, тоа не спаѓа во оваа категорија и таквиот не заслужува таква дова против него.
  7. Забрана на скржавоста и себичноста.
Преглед на преводи
Јазик: Англиски Урду Шпански Повеќе... (47)
Повеќе...