عن أبي هريرة رضي الله عنه عن رسول الله صلى الله عليه وسلم قال:
«مَا نَقَصَتْ صَدَقَةٌ مِنْ مَالٍ، وَمَا زَادَ اللهُ عَبْدًا بِعَفْوٍ إِلَّا عِزًّا، وَمَا تَوَاضَعَ أَحَدٌ لِلهِ إِلَّا رَفَعَهُ اللهُ».
[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم: 2588]
المزيــد ...
Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Богаството не се намалува со давањето милостина, а Аллах за опростувањето кое ќе го направи робот само ќе му го зголеми угледот, и никој нема да се понизи заради Аллах, а да не биде воздигнат од Него."
[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم - 2588]
Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ни појаснува дека милостината не го намалува имотот, туку го брани од несреќа, и дека Аллах ќе му надокнади на сопственикот со големо добро, па имотот ќе биде зголемен, а не намален.
Опростување, иако има можност да се освети или да возврати, на човекот само ќе му ги зголеми угледот и возвишеноста.
Нема таков, којшто се понизил заради Аллах, а не заради страв, учтивост или заради некоја корист, а да не биде награден со почит и возвишеност.