+ -

عَنْ أَبِي ذَرٍّ رضي الله عنه:
أَنَّ نَاسًا مِنْ أَصْحَابِ النَّبِيِّ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ قَالُوا لِلنَّبِيِّ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ: يَا رَسُولَ اللهِ، ذَهَبَ أَهْلُ الدُّثُورِ بِالْأُجُورِ، يُصَلُّونَ كَمَا نُصَلِّي، وَيَصُومُونَ كَمَا نَصُومُ، وَيَتَصَدَّقُونَ بِفُضُولِ أَمْوَالِهِمْ، قَالَ: «أَوَلَيْسَ قَدْ جَعَلَ اللهُ لَكُمْ مَا تَصَّدَّقُونَ؟ إِنَّ بِكُلِّ تَسْبِيحَةٍ صَدَقَةً، وَكُلِّ تَكْبِيرَةٍ صَدَقَةً، وَكُلِّ تَحْمِيدَةٍ صَدَقَةً، وَكُلِّ تَهْلِيلَةٍ صَدَقَةً، وَأَمْرٌ بِالْمَعْرُوفِ صَدَقَةٌ، وَنَهْيٌ عَنْ مُنْكَرٍ صَدَقَةٌ، وَفِي بُضْعِ أَحَدِكُمْ صَدَقَةٌ»، قَالُوا: يَا رَسُولَ اللهِ، أَيَأتِي أَحَدُنَا شَهْوَتَهُ وَيَكُونُ لَهُ فِيهَا أَجْرٌ؟ قَالَ: «أَرَأَيْتُمْ لَوْ وَضَعَهَا فِي حَرَامٍ أَكَانَ عَلَيْهِ فِيهَا وِزْرٌ؟ فَكَذَلِكَ إِذَا وَضَعَهَا فِي الْحَلَالِ كَانَ لَهُ أَجْرٌ».

[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم: 1006]
المزيــد ...

Ебу Зер, Аллах нека е задоволен со него, раскажува:
Некои од асхабите му рекоа на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем: „О Аллахов пратенику, богатите нè надминаа во наградите – и тие клањаат како што и ние клањаме, и постат како што и ние постиме, а покрај тоа даваат и од вишокот на своето богатство како садака!“ Тој им рече: „Зарем Аллах не ви дал нешто со што и вие можете да давате садака? Секое изговарање на субханаллах е садака, секое изговарање на Аллаху екбер е садака, секое изговарање на елхамдулиллах е садака, секое изговарање на ла илахе иллаллах е садака, и секое наредување на доброто е садака, и секое спречување на злото е садака, па дури и интимниот однос е садака.“ Тие рекоа: „О Аллахов пратенику, зарем некој од нас, кога ќе ја задоволи својата страст, ќе има награда за тоа?!“ Тој рече: „Што мислите – ако ја задоволи на забранет начин, зарем не би сносел грев за тоа? Така, кога тој ќе ја задоволи на дозволен начин – ќе има награда.“

[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم - 1006]

Објаснување

Некои од сиромашните асхаби му се пожалија на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, на својата положба и сиромаштија, и на тоа што не можат да даваат садака со имот, како нивните побогати браќа, па така да заслужат награда како нив и да постигнат добри дела слични на нивните. Рекоа: „Тие клањаат како што и ние клањаме, постат како што и ние постиме, а покрај тоа даваат и од вишокот на своето богатство – а ние немаме што да дадеме!“ Поради тоа, Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, им укажа на дела кои и ним им се достапни и со кои исто така можат да ја стекнат наградата на садака, па рече: „Зарем Аллах не ви дал нешто преку што и вие можете да давате садака? Навистина, секое изговарање на: ,субханаллах‘ е садака, ,Аллаху екбер‘ е садака, ,елхамдулиллах‘ е садака, ,ла илахе иллаллах‘ е садака, наредувањето на доброто е садака, спречувањето на злото е садака, па дури и интимниот однос на некој од вас со својата сопруга – и тоа е садака.“ Тие зачудено прашаа: „О Аллахов пратенику, зарем некој од нас кога ќе ја задоволи својата страст – за тоа ќе има награда?!“ Тој им одговори: „Што мислите – ако тоа го направи на забранет начин, преку блуд или нешто слично, зарем нема да сноси грев? На тој начин, кога тоа го прави на дозволен начин – ќе има награда.“

من فوائد الحديث

  1. Натпреварувањето на асхабите во добрите дела, покажувајќи искрена и силна желба да ја постигнат наградата и благодатта од Возвишениот Аллах.
  2. Многувидноста на видовите добри дела, и тоа дека секое дело што муслиманот го прави со искрена намера и добра цел, се смета за добро дело.
  3. Леснотијата и едноставноста на исламот, така што секој муслиман, без разлика на неговата положба, може да најде дело преку кое ќе Му се покори на Аллах.
  4. Имамот ен-Невеви рекол: „Овој хадис е доказ дека дозволените (мубах) дела можат да станат ибадет ако се прават со искрена намера. Така, интимниот однос станува ибадет ако човекот има намера преку него да го исполни правото на сопругата и да живее со неа на начин како што Аллах го пропишал; или со намера да добие чесно и побожно потомство; или да се заштити себеси или неа од грев; или да се заштитат двајцата од гледање во харам, размислување за него или стремеж кон него – или поради некоја друга исправна цел.“
  5. Давањето примери и користењето аналогија како метод што ја олеснува и појаснува пораката за слушателот.
Превод: Англиски Урду Шпански Индонезиски Бенгалски Француски Турски Руски Босански Синхала Индијски Кинески Персиски Виетнамски Тагалог Курдски Хауса Португалски Малајалам Свахили الأسامية السويدية الهولندية الغوجاراتية الرومانية المجرية الموري الكانادا الجورجية
Преглед на преводи