عَنْ جَابِرِ بْنِ عَبْدِ اللَّهِ رَضِيَ اللَّهُ عَنْهُمَا أَنَّهُ سَمِعَ رَسُولَ اللَّهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ، يَقُولُ عَامَ الفَتْحِ وَهُوَ بِمَكَّةَ:
«إِنَّ اللَّهَ وَرَسُولَهُ حَرَّمَ بَيْعَ الخَمْرِ، وَالمَيْتَةِ وَالخِنْزِيرِ وَالأَصْنَامِ»، فَقِيلَ: يَا رَسُولَ اللَّهِ، أَرَأَيْتَ شُحُومَ المَيْتَةِ، فَإِنَّهَا يُطْلَى بِهَا السُّفُنُ، وَيُدْهَنُ بِهَا الجُلُودُ، وَيَسْتَصْبِحُ بِهَا النَّاسُ؟ فَقَالَ: «لاَ، هُوَ حَرَامٌ»، ثُمَّ قَالَ رَسُولُ اللَّهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ عِنْدَ ذَلِكَ: «قَاتَلَ اللَّهُ اليَهُودَ إِنَّ اللَّهَ لَمَّا حَرَّمَ شُحُومَهَا جَمَلُوهُ، ثُمَّ بَاعُوهُ، فَأَكَلُوا ثَمَنَهُ».

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري: 2236]
المزيــد ...

Џабир бин Абдулах, Аллах нека е задоволен со него, раскажува дека го слушнал Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како додека бил во Мека во годината на освојувањето, вели:
„,Аллах и Неговиот пратеник го забранија продавањето на виното, мршината, свињата и идолите.‘ Некој го праша: ,О, Божји пратенику, а што е со лојот од мршината? Таа се користи за премачкување на бродовите, за обработка на кожата и како гориво за светилките.‘ Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, одговори: ,Не, тоа е харам.‘ Потоа додаде: ,Аллах нека ги уништи евреите! Кога Аллах им го забрани лојот, тие го растопија, го продадоа и јадеа од парите што ги добија за неа.‘“

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري - 2236]

Објаснување

Џабир бин Абдулах, Аллах нека е задоволен со него, слушнал како Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, во годината на освојувањето, додека бил во Мека, вели:
„,Аллах и Неговиот пратеник го забранија продавањето на виното, мршината, свињата и идолите.‘
Некој тогаш праша: ,О, Божји пратенику, дали ни е дозволено да ја продаваме маста од мршината? Бидејќи со неа се премачкуваат бродовите, се обработуваат кожите и со неа ги палат своите светилки.‘
Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, одговори: ,Не, нејзината продажба е харам.‘
Потоа додаде: ,Аллах нека ги уништи и проколне евреите! Кога Аллах им ја забрани маста од стоката, тие ја стопија, ја продадоа и јадеа од нејзината цена.‘“

من فوائد الحديث

  1. Имамот Невеви вели: „Што се однесува до мршината, виното и свињата, муслиманите се едногласни во забраната за нивна продажба.“
  2. Ел-Кади рекол: „Овој хадис укажува дека она што не е дозволено да се јаде и од што не е дозволено да се има корист, не смее да се продава, ниту е дозволено да се јаде од неговата цена, како што се спомнува за мастите во хадисот.“
  3. Ибн Хаџер вели: „Контекстот на хадисот ја потврдува исправноста на толкувањето на мнозинството, дека забраната се однесува на продажбата, а не на користењето.“
  4. Секое иле со кое се настојува да се направи дозволено она што е забрането, е невалидно.
  5. Имамот Невеви, исто така, вели: „Учените заклучиле дека општата забрана за продажба на мрши подразбира и тоа дека не е дозволено да се продаде телото на неверник кого сме го убиле, дури и ако неверниците понудат откуп. Во хадисот се спомнува дека Невфел бин Абдулах ел-Махзуми бил убиен од муслиманите за време на битката на Хендек, а неверниците му понудиле на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, десет илјади дирхеми за неговото тело, но тој ја одбил понудата и им го предал без откуп.“
Преглед на преводи
Јазик: Англиски Урду Шпански Повеќе... (54)