عن أبي هريرة رضي الله عنه قال: قال رسول الله صلى الله عليه وسلم:
«إِنَّ اللهَ لَا يَنْظُرُ إِلَى صُوَرِكُمْ وَأَمْوَالِكُمْ، وَلَكِنْ يَنْظُرُ إِلَى قُلُوبِكُمْ وَأَعْمَالِكُمْ».
[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم: 2564]
المزيــد ...
Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Аллах не гледа во вашиот изглед и вашиот имот, туку гледа во вашите срца и вашите дела.“
[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم - 2564]
Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ни појаснил дека Возвишениот Аллах не гледа во изгледот и физиономијата на Своите робови, дали се тие убави или не? Дали се тие големи или мали? Дали се тие здрави или болни? Ниту гледа во нивните имоти, дали се многубројни или мали? Возвишениот Аллах нема да бара одговорност од Своите робови, ниту ќе одговараат за овие работи, но ќе гледа во нивните срца и во тоа што има во нив: богобојазливост, цврсто верување, искреност и вистинољубие, или желба да бидеме видени и истакнати, исто така гледа во нивните дела, дали тие се исправни или неисправни, и според тоа ќе награди или казни.