عَنْ ابْنَ عُمَرَ رَضِيَ اللَّهُ عَنْهُمَا قَالَ: سَمِعْتُ رَسُولَ اللَّهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ يَقُولُ:
«إِذَا رَأَيْتُمُوهُ فَصُومُوا، وَإِذَا رَأَيْتُمُوهُ فَأَفْطِرُوا، فَإِنْ غُمَّ عَلَيْكُمْ فَاقْدُرُوا لَهُ».

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري: 1900]
المزيــد ...

Од Ибн Омер, радијаллаху анхума, се пренесува дека рекол: „Го слушнав Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели:
,Кога ќе ја видите (младата месечина) постете, а кога повторно ќе ја видите, престанете со постењето, а ако не можете да ја видите заради облачност, одредете го почетокот со броење на денови.‘“

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري - 1900]

Објаснување

Пратеникот, алејхи селам, го објаснил знакот на почетокот и крајот на месецот рамазан, па рекол: Ако ја видите младата месечина на рамазан, постете, но ако облаците се појават меѓу вас и неа и не ја гледате, тогаш, избројте триесет дена од месецот шабан, и кога ќе ја видите младата месечина на шевал, прекинете со постот, а ако меѓу вас и неа има облаци и не ја гледате; тогаш избројте триесет дена од месецот рамазан.

من فوائد الحديث

  1. Потпирање врз гледањето во младата месечина, а не врз астрономски пресметки во одредување на почетокот на месецот рамазан.
  2. Ибн ел-Мунзир го пренел консензусот на исламските зналци дека постот не е задолжителен ако почетокот на месецот рамазан се заснова само на пресметување, без видување на младата месечина.
  3. Обврска е да се потполни месецот шабан со триесет денаа доколку не ја видиме младата месечина на месецот рамазан, заради облачност или нешто друго.
  4. Лунарниот месец може да биде дваесет и девет или триесет дена.
  5. Обврска е да се наполнат триесет дена на месецот рамазан, доколку времето е облачно и не може да се види младата месечина на месецот шевал.
  6. Кој е на место каде што нема кој да се грижи за муслиманите во врска со постот, или е од оние што го пропуштаат, треба самиот да превземе дејствија или тоа да го направи со некој кому му верува; и според тоа ќе пости и ќе престане со постот.
Преглед на преводи
Јазик: Англиски Урду Шпански Повеќе... (49)
Повеќе...