Што мислиш, ако ги клањам задолжителните намази, постам во рамазан, го сметам халалот за халал и харамот за харам,
„Секој кој ќе го исполни постот во месецот рамазан, верувајќи и очекувајќи награда за тоа, ќе му се простат гревовите кои претходно ги направил
„Кој ќе ја помине ноќта на Лејлетул Кадр во намаз, верувајќи и очекувајќи награда за тоа, ќе му се простат гревовите кои претходно ги направил
„Возвишениот Аллах вели: Секое дело што го прави синот Адемов, му припаѓа нему, освен постот! Навистина, постот е Мој и Јас го наградувам за него
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, се трудел во последните десет ноќи повеќе отколку што се трудел во кое било друго време
„Мојот близок пријател, алејхи селам, ми остави во завет три работи: да постам три дена секој месец, да клањам два реката духа-намаз и да клањам витр-намаз пред спиење.“
,Кога ќе ја видите (младата месечина) постете, а кога повторно ќе ја видите, престанете со постењето, а ако не можете да ја видите заради облачност, одредете го почетокот со броење на денови.‘“
,,Кој има можност да се ожени, нека го стори тоа, бидејќи тоа најдобро го чува погледот и ја штити чедноста. А кој не може, нека пости, бидејќи постот е заштита за него
„Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, беше најдарежливиот човек во правењето добро, а неговата дарежливост беше најизразена во месецот рамазан, кога Џибрил, алејхи селам, го посетуваше
„Ја прашав Аиша, Аллах нека е задоволен со неа: ,Зошто жената која е во менструација го надокнадува постот, а не ги надокнадува намазите?‘
„Во Џенетот има една врата која се вика Ер-Рејан. На Судниот ден низ неа ќе влегуваат само постачите – никој друг нема да влезе преку таа врата
„Кој ќе пости еден ден на Аллаховиот пат, Аллах ќе го оддалечи неговото лице од Огнот за седумдесет есени (години).“
„Јадевме сехур заедно со Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, а потоа тој стана за да клања. Прашав: ,Колку време имаше меѓу езанот и сехурот?‘ Тој рече: ,Колку што е потребно да се прочитаат педесет ајети од Куранот.‘“
„Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, престојувал во итикаф во последните десет дена од рамазанот, сè додека Аллах не му ја зема душата. По него, и неговите сопруги продолжија да го практикуваат итикафот.“
„Не постете еден или два дена пред рамазан, освен ако некој практикувал да пости – тогаш нека пости.“
„Кој ќе заборави дека пости, па ќе јаде или ќе пие, нека го доврши својот пост, затоа што Аллах (така) го нахранил и го напоил.“
„Присуствував на Бајрам со Омер бин ел-Хатаб, Аллах нека е задоволен со него, и тој рече: ,Ова се двата дена на кои Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, го забранил постењето: рамазанскиот Бајрам, кога го завршува постот, и другиот ден – кога јадете од вашите курбани.‘“
„Гледам дека вашите соништа се совпаѓаат во тоа дека таа е во последните седум ноќи – па кој сака да ја бара, нека ја бара во тие седум последни ноќи.“
Кога ќе настапеа последните десет ноќи од рамазанот, Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, ја оживуваше ноќта (со ибадет), ги будеше домашните, се посветуваше на ибадетот со уште поголема посветеност и го стегаше појасот.“
Нема вистински пост оној што пости постојано. Постот од три дена во месецот е како да си постел цела година.“
„Кога ќе настапи месецот рамазан – се отвораат вратите на Џенетот, се затвораат вратите на Џехенемот, и се оковуваат шејтаните.“