عَنْ عَائِشَةَ أُمِّ المؤْمِنينَ رَضِيَ اللهُ عَنْهَا:
كَانَ رَسُولُ اللهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ يَجْتَهِدُ فِي الْعَشْرِ الْأَوَاخِرِ مَا لَا يَجْتَهِدُ فِي غَيْرِهِ.

[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم: 1175]
المزيــد ...

Мајката на верниците, Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, раскажува:
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, се трудел во последните десет ноќи повеќе отколку што се трудел во кое било друго време.

[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم - 1175]

Објаснување

Кога настапуваа последните десет ноќи од месецот рамазан, Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, се посветувал на ибадетот и покорноста повеќе отколку во кое било друго време. Настојувал да прави разни добри дела и различни облици на ибадет, вложувајќи уште поголем напор. Тоа го правеше поради големината и вредноста на тие ноќи и во потрага по ноќта Кадр (Лејлетул-Кадр).

من فوائد الحديث

  1. Поттик за зголемување на добрите дела и различните облици на покорност во месецот рамазан, воопшто, а особено во последните десет ноќи од него.
  2. Последните десет ноќи од рамазанот започнуваат од дваесет и првата ноќ и траат до крајот на месецот.
  3. Препорачливо е вредните времиња да се искористуваат во покорност.
Преглед на преводи
Јазик: Англиски Урду Шпански Повеќе... (46)