عَنْ عَائِشَةَ أُمِّ المُؤْمِنينَ رَضِيَ اللهُ عَنْهَا قَالَتْ:
كَانَ رَسُولُ اللهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ إِذَا دَخَلَ الْعَشْرُ أَحْيَا اللَّيْلَ، وَأَيْقَظَ أَهْلَهُ، وَجَدَّ وَشَدَّ الْمِئْزَرَ.

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح مسلم: 1174]
المزيــد ...

Мајката на верниците, Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, раскажува:
Кога ќе настапеа последните десет ноќи од рамазанот, Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, ја оживуваше ноќта (со ибадет), ги будеше домашните, се посветуваше на ибадетот со уште поголема посветеност и го стегаше појасот.“

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح مسلم - 1174]

Објаснување

Кога ќе настапеа последните десет ноќи од рамазанот, Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, ја оживуваше ноќта во разни ибадети, ги будеше домашните, се залагаше повеќе од вообичаено и целосно се посветуваше на ибадетот, одвојувајќи се од жените.

من فوائد الحديث

  1. Поттик да се искористат вредните временски периоди за добри дела.
  2. Ен-Невеви рекол: „Овој хадис укажува дека е препорачливо во последните десет ноќи од рамазан да се зголеми ибадетот и тие ноќи да се оживеат со ибадет.“
  3. Верникот треба да се грижи за своето семејство, да ги поттикнува на ибадет и да покаже трпение со нив.
  4. Чинењето добри дела бара цврста одлука, истрајност и трпеливост.
  5. Ен-Невеви рекол: „Учените имаат различни мислења во врска со значењето на зборовите ,го стегаше појасот‘. Некои велат дека тоа значи дека се залагал уште повеќе во ибадетот од вообичаено. Смислата е дека целосно се посветувал на ибадетот. Се вели: ,го стегнав појасот за таа работа‘, односно: се подготвив и целосно ѝ се посветив. Други, пак, велат дека ова е метафора за воздржување од односи со жените поради посветеност кон ибадетот.“
Преглед на преводи
Јазик: Англиски Урду Шпански Повеќе... (43)