عَنْ جَرِيرٍ رضي الله عنه عَنِ النَّبِيِّ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ قَالَ:
«مَنْ يُحْرَمِ الرِّفْقَ يُحْرَمِ الْخَيْرَ».

[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم: 2592]
المزيــد ...

Од Џерир, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Кому му е ускратена благоста, нему му е ускратено секое добро.“

[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم - 2592]

Објаснување

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, известува дека оној кому му е ускратена благоста нема да има успех ниту во верските, ниту во овосветските работи, ниту во своите лични постапки, ниту во односите со другите. Таквиот е лишен од секое добро.

من فوائد الحديث

  1. Вредноста на благоста, поттик за нејзиното практикување и укор за грубото однесување.
  2. Благоста е причина за успех на овој и на идниот свет, додека грубоста води кон спротивното на тоа.
  3. Благоста произлегува како резултат на убавиот карактер, додека грубоста произлегува од гневот и суровоста. Затоа, Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ја пофалил благоста и ја нагласил нејзината важност.
  4. Суфјан ес-Севри, Аллах нека му се смилува, им рекол на своите ученици:
  5. „Знаете ли што е благоста? Тоа е да ги поставиш работите на нивното место – строгоста на нејзиното место, благоста на нејзиното место, мечот на неговото место и камшикот на неговото место.“
Преглед на преводи
Јазик: Англиски Урду Шпански Повеќе... (50)
Повеќе...