عن جابر رضي الله عنه أن رسول الله صلى الله عليه وسلم قال:
«رَحِمَ اللهُ رَجُلًا سَمْحًا إِذَا بَاعَ، وَإِذَا اشْتَرَى، وَإِذَا اقْتَضَى».
[صحيح] - [رواه البخاري] - [صحيح البخاري: 2076]
المزيــد ...
Џабир, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Аллах нека му се смилува на човекот кој е лесен кога продава, кога купува и кога го побарува своето право."
[صحيح] - [رواه البخاري] - [صحيح البخاري - 2076]
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ја побара Божјата милост за секој што беше лесен, дарежлив и великодушен во својата продажба; не го притиска купувачот со цената и го третира на најубав начин. Лесен, дарежлив и великодушен кога купува; не ја потценува и не ја обезвреднува стоката. Лесен, дарежлив и великодушен кога бара да му се вратат долговите; не го притиска сиромашниот и оскудниот, туку го бара тоа со нежност и љубезност, и му дава време на оној што е во тешка ситуација.