عَنْ أَبِي هُرَيْرَةَ رضي الله عنه عَنِ النَّبِيِّ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ قَالَ:
«رَغِمَ أَنْفُ، ثُمَّ رَغِمَ أَنْفُ، ثُمَّ رَغِمَ أَنْفُ»، قِيلَ: مَنْ؟ يَا رَسُولَ اللهِ قَالَ: «مَنْ أَدْرَكَ أَبَوَيْهِ عِنْدَ الْكِبَرِ، أَحَدَهُمَا أَوْ كِلَيْهِمَا فَلَمْ يَدْخُلِ الْجَنَّةَ».

[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم: 2551]
المزيــد ...

Од Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„,Понижен е, понижен е, понижен е!‘ Прашале: ,Кој, о Аллахов пратенику?‘ Одговорил: ,Оној кој ќе ја дочека староста на своите родители, едниот или обајцата, и покрај тоа нема да влезе во Џенетот.‘“

[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم - 2551]

Објаснување

Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, направи дова да биде понижен и посрамотен, опишувајќи го тоа како да го ставил својот нос во прашина – и го повтори тоа трипати. Па бил прашан: „О Аллахов пратенику, за кого направи таква дова?“
Тој одговори: За оној кој ќе ја дочека староста на своите родители – едниот или обајцата – а тие не бидат причина за неговиот влез во Џенетот, поради неговото непочитување и непослушност кон нив.

من فوائد الحديث

  1. Обврската за доброчинство кон родителите и фактот дека тоа е една од причините за влез во Џенетот, особено во нивната старост и слабост.
  2. Непочитувањето на родителите спаѓа меѓу најголемите гревови.
Преглед на преводи
Јазик: Англиски Урду Шпански Повеќе... (52)