عن خَولة الأنصاريةِ رضي الله عنها قالت: سمعت النبي صلى الله عليه وسلم يقول:
«إِنَّ رِجَالًا يَتَخَوَّضُونَ فِي مَالِ اللهِ بِغَيْرِ حَقٍّ، فَلَهُمُ النَّارُ يَوْمَ الْقِيَامَةِ».
[صحيح] - [رواه البخاري] - [صحيح البخاري: 3118]
المزيــد ...
Се пренесува дека Хавла ел Енсарија, радијаллаху анха, кажала: Го слушнав Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели:
„Навистина има луѓе кои го злоупотребуваат јавниот имот, за таквите е подготвен Џехенемот на Судниот ден."
[صحيح] - [رواه البخاري] - [صحيح البخاري - 3118]
Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, ни кажува за луѓето кои незаконски и бесправно го користат/присвојуваат имотот на муслиманите. Овој хадис се однесува на сите видови незаконско стекнување на имот, како и неговото незаконско трошење. Тука спаѓа неовластеното користење на имотот на сирачињата, вакафски имот, негирање на доверените предмети на чување и несоодветна употреба на јавен имот.
Потоа нѐ извести Аллаховиот пратеник, алејхи селам, дека казната ќе биде Огнот на Судниот ден.