عَنْ أَبِي هُرَيْرَةَ رضي الله عنه عَنِ النَّبِيِّ صلى الله عليه وسلم قَالَ:
«إِيَّاكُمْ وَالظَّنَّ؛ فَإِنَّ الظَّنَّ أَكْذَبُ الْحَدِيثِ، وَلَا تَحَسَّسُوا، وَلَا تَجَسَّسُوا، وَلَا تَحَاسَدُوا، وَلَا تَدَابَرُوا، وَلَا تَبَاغَضُوا، وَكُونُوا عِبَادَ اللهِ إِخْوَانًا».

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري: 6064]
المزيــد ...

Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Пазете се од сомнежот, навистина тој е најлажниот говор. Немојте да се демнеете и да се шпионирате, немојте да си завидувате ниту да си вртите грб едни на други и не мразете се, туку бидете Аллахови робови и браќа!“

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري - 6064]

Објаснување

Аллаховиот пратеник, алејхи селам, забранил и предупредил од некои работи кои создаваат нетрпеливост и непријателство помеѓу муслиманите, а такви се:
(Сомнежот) а тоа значи обвинување кое се создава во срцето без никакви докази, и ни појаснил дека такво нешто е најлажен говор.
И од (демнеење) а тоа е: да истражуваме за срамотиите на другите луѓе, било да го правиме тоа со опсервација или слушање.
Потоа (шпионирање), да ги истражуваме скриените работи, а најчесто се употребува за лошите работи.
И од: (завист) а тоа е кога мразиме некој да се здобие со разни благодати.
И од: (да свртиме грб) така што не комуницираме со другите, не се поздравуваме ниту одиме на посета кај другиот брат муслиман.
И од (меѓусебна омраза) одбивност и отуѓување, како што е да ги навредуваме другите, да се муртиме и да бидеме непријатни во комуникацијата.
Потоа, Аллаховиот пратеник упати една сеопфатна порака, со која е можна поправка на состојбата меѓу муслиманите: „И бидете Аллахови робови и браќа.“ Братството е врска со која ќе се регенерираат меѓусебните односи и ќе се зголеми меѓусебната љубов и почит.

من فوائد الحديث

  1. Не пречи да се има лошо мислење за оние кои покажуват знаци на зло. Верникот мора да биде остроумен и перцептивен, не смее да биде измамен од оние што прават грев и бесрамни дела.
  2. Предупредувањето овде е за: обвинение кое извира во душата и ќе биде постојано, а ако се појави во душата но нема да биде перманентно, тогаш за тоа нема да одговараме.
  3. Забранети се сите причини кои водат кон нетрпеливост и раздор помеѓу членовите на една муслиманска заедница, како што се: шпионирањето, зависта и слично.
  4. Препорака да се однесуваме кон муслиманот како кон брат, било да се работи за советување или се работи за меѓусебна љубов.
Преглед на преводи
Јазик: Англиски Урду Шпански Повеќе... (56)