Абдулах ибн Месуд, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, алејхи селам, рекол: „Навредата на муслиманот е грев, а борбата против него е неверство.“ [صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري - 48]
Објаснување
Пратеникот, алејхи селам, забранил муслиманот да го пцуе или навредува својот брат муслиман, бидејќи тоа е облик на неморал и непослушност кон Аллах и Неговиот Пратеник, алејхи селам. Тој, исто така, му забранил на муслиманот да се бори против својот брат муслиман, што е чин на куфр-неверување, се мисли на мал куфр.
من فوائد الحديث
Обврска е да ја почитуваме честа и животот на муслиманот.
Голема казна за тој што го навредува муслиманот неправедно; таквиот е фасик-грешник.
Навредувањето на муслиманот и борбата против него го намалува и го слабнее иманот-верувањето.
Некои дела се нарекуваат куфр-неверување; но тие не се на ниво на неверување кое човекот го изведува од исламската вера.
Она што овде се подразбира под неверување е мало неверување кое не го исклучува човекот од припадноста кон исламот, според консензусот на Ехли-суннех. Затоа што Возвишениот Аллах го потврдил братството во верата, за верниците кои меѓусебно се бореле и се конфронтирале, како што рекол Возвишениот: „Ако се судрат две групи верници, смирете ги; а ако едната од нив сепак ѝ стори насилство на другата, тогаш борете се против таа што сторила насилство сè додека не се врати кон Аллаховите прописи. Па ако се врати, тогаш непристрасно смирете ги и бидете праведни; Аллах, навистина, ги сака праведните.“.