عن أبي ذر رضي الله عنه قال: قال لي النبي صلى الله عليه وسلم:
«لَا تَحْقِرَنَّ مِنَ الْمَعْرُوفِ شَيْئًا، وَلَوْ أَنْ تَلْقَى أَخَاكَ بِوَجْهٍ طَلْقٍ».

[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم: 2626]
المزيــد ...

Ебу Зер, радијаллаху анху, пренесува: Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем ми порача:
„Не потценувај ниедно добро дело, па дури и тоа да го пресретнеш братот муслиман со насмевка на лицето."

[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم - 2626]

Објаснување

Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, нè поттикнува во овој хадис да правиме добри дела и да не ги потценуваме, дури и ако ни изгледаат безначајни, како на пример средбата со братот муслиман со блескаво лице и насмевка. Муслиманот треба да се стреми кон тоа добро дело, бидејќи со тоа се зближува и внесува радост кај неговиот брат муслиман.

من فوائد الحديث

  1. Вредноста на љубовта меѓу верниците, на насмевката и блескавото лице при средбите.
  2. Совршенството на исламското законодавство и неговата комплетност, тоа дојде со сите работи кои се од корист за муслиманите и за нивното единство.
  3. Поттик за правење добри дела колку и да се мали.
  4. Пожелно е да внесеме радост кај муслиманите, бидејќи со тоа се остварува меѓусебната блискост.
Преглед на преводи
Јазик: Англиски Урду Шпански Повеќе... (67)
Повеќе...