عَنْ أَبِي هُرَيْرَةَ رضي الله عنه أَنَّ رَسُولَ اللهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ قَالَ:
«لَا تَبْدَؤوا الْيَهُودَ وَلَا النَّصَارَى بِالسَّلَامِ، فَإِذَا لَقِيتُمْ أَحَدَهُمْ فِي طَرِيقٍ فَاضْطَرُّوهُ إِلَى أَضْيَقِهِ».

[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم: 2167]
المزيــد ...

Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, саллаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Не иницирајте поздрав со селам на евреите или христијаните. Ако сретнете некој од нив на патот, принудете ги кон потесниот дел.“.

[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم - 2167]

Објаснување

Пратеникот, алејхи селам, забранил поздравување со „селам“ кон евреите и христијаните, дури и ако тие имаат заштитен статус – зиммиј, а уште помалку кон другите неверници. Тој, алејхи селам, објаснил дека ако сретнеме некој од нив на патот, да го принудиме кон потесниот дел од патот. Верник е тој што оди насред пат, а неверникот оди настрана. Муслиманот никогаш не смее да биде понижуван, под никакви околности.

من فوائد الحديث

  1. Не е дозволено муслиманот прв да поздрави евреин, христијанин или друг неверник со исламскиот поздрав.
  2. Дозволено е да се возврати на нивните поздрави ако тие први поздрават, така што ќе кажеме: „И на вас.“.
  3. Не е дозволено муслиманот намерно да му наштети на немуслиман со тоа што намерно ќе му ги отежнува работите без оправдување. Да го принуди кон најтесниот пат; Но, ако патот е тесен или преполн, муслиманот има повеќе право на него, а неверникот ќе му го отстапи.
  4. Покажување на гордоста на муслиманите и подредена положба на другите, без неправда или вулгарност во говорот.
  5. Стеснување на патот за неверниците е поради нивното неверување во Семоќниот Аллах, и тоа може да биде причината за нивното преминување во исламот. Ќе се спасат од Огинот, доколку ја дознаат причината.
  6. Во ред е муслиманот прво да му каже на немуслиманот: „Како си?“, „Како си денес?“ или „Како ја помина ноќта?“ И така натаму, доколку е потребно. Затоа што забраната се однесува на поздравувањето со селам.
  7. Тибиј рекол: „Преферирано мислење е дека иноваторот не треба да се поздрави со селам, а ако се поздравиме со некого што не го познаваме и се испостави дека е немуслиман или иноватор, треба да каже: ,Јас го повлекувам својот поздрав, како вид на омаловажување.‘“
Преглед на преводи
Јазик: Англиски Урду Шпански Повеќе... (48)
Повеќе...