عَنْ أَبِي حَازِمٍ قَالَ: قَاعَدْتُ أَبَا هُرَيْرَةَ رضي الله عنه خَمْسَ سِنِينَ، فَسَمِعْتُهُ يُحَدِّثُ عَنِ النَّبِيِّ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ، قَالَ:
«كَانَتْ بَنُو إِسْرَائِيلَ تَسُوسُهُمُ الأَنْبِيَاءُ، كُلَّمَا هَلَكَ نَبِيٌّ خَلَفَهُ نَبِيٌّ، وَإِنَّهُ لاَ نَبِيَّ بَعْدِي، وَسَيَكُونُ خُلَفَاءُ فَيَكْثُرُونَ» قَالُوا: فَمَا تَأْمُرُنَا؟ قَالَ: «فُوا بِبَيْعَةِ الأَوَّلِ فَالأَوَّلِ، أَعْطُوهُمْ حَقَّهُمْ، فَإِنَّ اللَّهَ سَائِلُهُمْ عَمَّا اسْتَرْعَاهُمْ».
[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري: 3455]
المزيــد ...
Од Ебу Хазим се пренесува дека рекол: Пет години седев со Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, и го слушнав како раскажува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Синовите Израилови беа предводени од нивните веровесници. Секогаш кога ќе починеше еден веровесник, на негово место доаѓаше друг. И навистина, после мене нема да има веровесник, туку ќе има халифи – и ќе бидат многубројни.“ Тие рекоа: „Па што ни наредуваш во таква ситуација?“
Тој одговори: „Исполнувајте му ја заклетвата на секој што прв ќе добие присега на верност, давајте им го нивното право, а Аллах нив ќе ги праша за тоа што им било доверено.“
[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري - 3455]
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, известил дека синовите Израилови биле водени од нивните веровесници, кои се грижеле за нивните работи и ги управувале – слично како што тоа го прават владетелите и управителите со своите поданици. Секогаш кога кај нив ќе се појавеше расипаност, Аллах им испраќаше нов веровесник кој ќе ја исправи нивната состојба и ќе го врати она тие што го промениле од Божјите прописи. Потоа Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, објавил дека по него нема да има веровесник што ќе ја има таа улога, туку ќе има халифи – и нив ќе ги има многу, а меѓу нив ќе се појавуваат разидувања и спорови. Тогаш асхабите, Аллах нека е задоволен со нив, го прашале: „Па што ни наредуваш во таков случај?“ Тој одговорил: „Кога ќе му се даде присега на верност на еден халиф по друг, присегата на првиот е валидна и задолжителна, и мора да се исполни. Присегата на вториот е неважечка, а нему му е забрането да ја бара. Давајте им го нивното право, бидете им покорни и однесувајте се кон нив со послушност – сè додека не ве повикаат на грев. Аллах ќе ги праша и ќе им суди за она што им е доверено.“