عَنْ أَبِي عُبَيْدٍ، مَوْلَى ابْنِ أَزْهَرَ، قَالَ:
شَهِدْتُ العِيدَ مَعَ عُمَرَ بْنِ الخَطَّابِ رَضِيَ اللَّهُ عَنْهُ، فَقَالَ: هَذَانِ يَوْمَانِ نَهَى رَسُولُ اللَّهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ عَنْ صِيَامِهِمَا: يَوْمُ فِطْرِكُمْ مِنْ صِيَامِكُمْ، وَاليَوْمُ الآخَرُ تَأْكُلُونَ فِيهِ مِنْ نُسُكِكُمْ.

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري: 1990]
المزيــد ...

Од Ебу Убејд, ослободениот роб на Ибн Езхер, се пренесува дека рекол:
„Присуствував на Бајрам со Омер бин ел-Хатаб, Аллах нека е задоволен со него, и тој рече: ,Ова се двата дена на кои Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, го забранил постењето: рамазанскиот Бајрам, кога го завршува постот, и другиот ден – кога јадете од вашите курбани.‘“

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري - 1990]

Објаснување

Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, забранил постење на рамазанскиот и курбанскиот Бајрам – бидејќи рамазанскиот Бајрам е ден за прекин/завршување на постот по рамазан, а курбанскиот Бајрам е ден кога се јаде од принесените жртви.

من فوائد الحديث

  1. Забрането е постењето на двата бајрамски дена – рамазанскиот и курбанскиот – како и на деновите на тешрик, бидејќи тие се поврзани со курбанскиот бајрам. Исклучок е само оној што не може да принесе курбан во аџилак – нему му е дозволено да пости во тие денови.
  2. Ибн Хаџер рекол: „Некои велат дека спомнувањето на овие два дена како забранети за постење има за цел да се укаже на причината за нивното издвојување: првиот ден – како завршеток на постот, а вториот – поради принесувањето на курбанот, од кој треба да се јаде.“
  3. Препорачливо е хатибот во хутбата да говори за прописите што се поврзани со времето во кое живее, избирајќи теми што одговараат на пригодата.
  4. Пропишано е да се јаде од принесениот курбан.
Преглед на преводи
Јазик: Англиски Урду Шпански Повеќе... (43)
Повеќе...