+ -

عَنْ أَبِي هُرَيْرَةَ رَضِيَ اللهُ عَنْهُ قَالَ: قَالَ رَسُولُ اللهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ:
«مَنْ نَسِيَ وَهُوَ صَائِمٌ، فَأَكَلَ أَوْ شَرِبَ، فَلْيُتِمَّ صَوْمَهُ، فَإِنَّمَا أَطْعَمَهُ اللهُ وَسَقَاهُ».

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح مسلم: 1155]
المزيــد ...

Од Ебу Хурејре – Аллах нека е задоволен со него – се пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Кој ќе заборави дека пости, па ќе јаде или ќе пие, нека го доврши својот пост, затоа што Аллах (така) го нахранил и го напоил.“

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح مسلم - 1155]

Објаснување

Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, појаснил дека оној кој јаде или пие поради заборав додека пости – без разлика дали станува збор за задолжителен или доброволен пост – не треба да го прекинува, туку треба да го продолжи. Бидејќи тоа не го направил намерно, неговиот пост останува исправен. Всушност, тоа е ризк што Аллах му го определил – Тој го нахранил и го напоил.

من فوائد الحديث

  1. Исправноста на постот на оној што јаде или пие заборавајќи дека пости.
  2. Оној што јадел или пиел од заборав, не му се запишува грев, бидејќи тоа не го направил по своја волја.
  3. Ова укажува на Аллаховата добрина кон Неговите робови, Неговото олеснување за нив и отстранувањето на тешкотијата и оптоварувањето.
  4. Постот не се поништува освен ако се исполнат три услови:
  5. Прво: да го знае прописот; ако постапи од незнаење (или не знае дека нештото го поништува постот), тогаш неговиот пост останува важечки.
  6. Второ: да биде свесен; бидејќи ако заборавил, постот му останува важечки и не е должен да го надомести.
  7. Трето: да го направи тоа по своја волја; ако бил присилен, не се смета дека го прекршил постот.
Превод: Англиски Урду Шпански Индонезиски Ујгурски Бенгалски Француски Турски Руски Босански Синхала Индијски Кинески Персиски Виетнамски Тагалог Курдски Хауса Португалски Малајалам Свахили الأسامية السويدية الهولندية الغوجاراتية الرومانية المجرية الموري الكانادا الجورجية
Преглед на преводи
Повеќе...