عن أبِي هُرَيْرَةَ رضي الله عنه قَالَ: قَالَ رَسُولُ اللهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ:
«لَا يَحِلُّ لِامْرَأَةٍ مُسْلِمَةٍ تُسَافِرُ مَسِيرَةَ لَيْلَةٍ إِلَّا وَمَعَهَا رَجُلٌ ذُو حُرْمَةٍ مِنْهَا».

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح مسلم: 1339]
المزيــد ...

Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Не е дозволено муслиманката да патува патување во должина (колку се поминува за) една ноќ, освен со махрем.“

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح مسلم - 1339]

Објаснување

Со ова, Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, појаснил дека на муслиманката ѝ е забрането да патува на растојание кое се поминува за една ноќ, без присуство на некој од нејзините махреми.

من فوائد الحديث

  1. Ибн Хаџер рекол: „На жената не ѝ е дозволено да патува без махрем, и околу тоа има согласност меѓу учените – освен во посебни случаи, како што се аџилак, умра или напуштање на земјата на ширкот. Некои дури сметаат дека махремот е услов за исправноста на аџилакот.“
  2. Потполноста на исламскиот верозакон, кој покажува исклучителна грижа за заштитата и сигурноста на жената.
  3. Верувањето во Аллах и Судниот ден подразбира покорност на Неговите прописи и почитување на Неговите ограничувања.
  4. Махрем на жената е нејзиниот сопруг или оној што ѝ е трајно забранет за брак – поради крвно сродство, доење или сватовство. Махремот треба да биде муслиман, полнолетен, разумен и доверлив, бидејќи неговата улога е да ја штити жената, да се грижи за неа и за нејзините потреби.
  5. Имамот ел-Бејхеки, говорејќи за хадисите кои ја спомнуваат должината на патот на кој жената не смее да патува без сопруг или махрем, вели:
  6. „Сумирано, секое патување – без оглед дали трае три дена, два дена, еден ден, еден бурејд (мерка од тоа време), или слично – ѝ е забрането на жената ако со неа не е нејзиниот сопруг или некој од нејзините махреми. Причината е општата формулација во хадисот на Ибн Абас, кој се наоѓа како последен меѓу хадисите пренесени од Муслим: ,Нека не патува жена освен со махрем.‘ Овој хадис опфаќа сè што се смета за патување.“
  7. – Крај на цитатот. Овој хадис бил изречен во зависност на состојбата на оној што прашал и местото во кое се наоѓал.
Преглед на преводи
Јазик: Англиски Урду Шпански Повеќе... (43)