عن أَنَسَ بْنَ مَالِكٍ رضي الله عنه قال:
بينما نحن جلوس مع النبي صلى الله عليه وسلم في المسجد دخل رجل على جمل، فأناخه في المسجد ثم عقله، ثم قال لهم: أيكم محمد؟ والنبي صلى الله عليه وسلم متكئ بين ظهرانيهم، فقلنا: هذا الرجل الأبيض المتكئ. فقال له الرجل: يا ابن عبد المطلب فقال له النبي صلى الله عليه وسلم: «قد أجبتك». فقال الرجل للنبي صلى الله عليه وسلم: إني سائلك فمشدد عليك في المسألة، فلا تجد علي في نفسك؟ فقال: «سل عما بدا لك» فقال: أسألك بربك ورب من قبلك، آلله أرسلك إلى الناس كلهم؟ فقال: «اللهم نعم». قال: أنشدك بالله، آلله أمرك أن نصلي الصلوات الخمس في اليوم والليلة؟ قال: «اللهم نعم». قال: أنشدك بالله، آلله أمرك أن نصوم هذا الشهر من السنة؟ قال: «اللهم نعم». قال: أنشدك بالله، آلله أمرك أن تأخذ هذه الصدقة من أغنيائنا فتقسمها على فقرائنا؟ فقال النبي صلى الله عليه وسلم: «اللهم نعم». فقال الرجل: آمنت بما جئت به، وأنا رسول من ورائي من قومي، وأنا ضمام بن ثعلبة أخو بني سعد بن بكر.
[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري: 63]
المزيــد ...
Енес бин Малик, Аллах нека е задоволен со него, рекол:
„Додека седевме со Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, во џамијата, влезе човек на камила, ја врза и праша: ,Кој од вас е Мухамед?' Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, седеше потпрен меѓу нас, и рековме: ,Овој, белиот човек кој седи потпрен.' Човекот му рече: ,О, сине на Абдул Муталиб.' Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, одговори: ,Ти се одзвивам.' Човекот рече: ,Имам прашање за тебе и ќе бидам строг и директен, па не лути се.' Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рече: ,Прашај што сакаш.' Човекот праша: ,Те колнам во твојот Господар и Господарот на тие пред тебе, дали Аллах те испрати до сите луѓе?' Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, одговори: ,Да.' Човекот продолжи: ,Те колнам во Аллах, дали Аллах ти нареди да ги извршуваме петте дневни намази?' Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, одговори: ,Да, се колнам во Аллах.' Потоа праша: ,Те колнам во Аллах, дали Аллах ти нареди да го постиме овој месец во годината?' Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, одговори: ,Да, се колнам во Аллах.' Потоа праша: ,Те колнам во Аллах, дали Аллах ти нареди да земеш зекат од богатите и да го поделиш на сиромасите?' Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, одговори: ,Да, се колнам во Аллах.' Човекот тогаш рече: ,Верувам во она со што си испратен. Јас сум Димам бин Салебе, испратен од племето Бени Сад бин Бекр.'“
[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري - 63]
Енес бин Малик, Аллах нека е задоволен со него, известува дека додека асхабите седеле со Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, когаво џамијата, влегол човек на камила, ја врзал и прашал: Кој од вас е Мухамед? Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, во моментот седел потпрен меѓу нив, и тие одговориле: ,Овој, белиот човек кој седи потпрен.' Па човекот рече: ,,О, сине на Абдул Муталиб." Божјиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рече: „Те слушам, прашај, ќе ти одговорам.“ Човекот рече: „Ќе те прашам и ќе бидам директен и строг, па не лути се.“ Т.е. не лути се и нека не ти биде нелагодно. Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, рече: „Прашај што сакаш.“ Човекот праша: „Те колнам во твојот Господар и Господарот на тие пред тебе, дали Аллах те испрати до сите луѓе?“ Божјиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, одговори: „Да, се колнам во Аллах.“ - Потврдувајќи ја со тоа вистинитоста на своите зборови. Потоа праша: „Те колнам во Аллах, дали Аллах ти нареди да ги извршуваме петте дневни намази?“ - Се мисли на петте фарз намази. Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, одговори: „Да, се колнам во Аллах.“ Човекот продолжи: „Те колнам во Аллах, дали Аллах ти нареди да го постиме овој месец во годината?“ - Се мисли на постот во месецот рамазан. Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, одговори: „Да, се колнам во Аллах.“ Потоа праша: „Те колнам во Аллах, дали Аллах ти нареди да земеш зекат од богатите и да го поделиш на сиромасите?“ - Се мисли на задолжителниот зекат. Божјиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, одговори: „Да, се колнам во Аллах.“ Тогаш Димам го прифати исламот и го извести Божјиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, дека ќе го повикува својот народ во исламот. Се претстави себеси дека е Димам бин Салебе, од племето Бени Сад бин Бекр.