+ -

عَنْ زِيَادِ بْنِ لَبِيدٍ رضي الله عنه قَالَ:
ذَكَرَ النَّبِيُّ صَلَّى اللَّهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ شَيْئًا، فَقَالَ: «ذَاكَ عِنْدَ أَوَانِ ذَهَابِ الْعِلْمِ» قُلْتُ: يَا رَسُولَ اللَّهِ، وَكَيْفَ يَذْهَبُ الْعِلْمُ، وَنَحْنُ نَقْرَأُ الْقُرْآنَ وَنُقْرِئُهُ أَبْنَاءَنَا وَيُقْرِئُهُ أَبْنَاؤُنَا أَبْنَاءَهُمْ إِلَى يَوْمِ الْقِيَامَةِ؟ قَالَ: «ثَكِلَتْكَ أُمُّكَ زِيَادُ، إِنْ كُنْتُ لَأُرَاكَ مِنْ أَفْقَهِ رَجُلٍ بِالْمَدِينَةِ، أَوَلَيْسَ هَذِهِ الْيَهُودُ وَالنَّصَارَى يَقْرَؤونَ التَّوْرَاةَ وَالْإِنْجِيلَ، لَا يَعْمَلُونَ بِشَيْءٍ مِمَّا فِيهِمَا؟!».

[صحيح لغيره] - [رواه ابن ماجه] - [سنن ابن ماجه: 4048]
المزيــد ...

Од Зијад бин Лебид, Аллах нека е задоволен со него, се пренесува дека рекол:
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, спомена нешто и рече: „Тоа ќе се случи кога знаењето ќе исчезне.“ Јас реков: „О, Божји Пратенику, како може знаењето да исчезне кога го читаме Куранот и ги учиме нашите деца, а нашите деца ќе ги учат своите деца, сè до Судниот ден?“ Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, одговори: „Тешко тебе, Зијад! Сметав дека си еден од најразумните луѓе во Медина. Зарем не гледаш дека евреите и христијаните го читаат Тевратот и Инџилот, а не постапуваат според ништо од тоа што е напишано во нив?!“

[صحيح لغيره] - [رواه ابن ماجه] - [سنن ابن ماجه - 4048]

Објаснување

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, додека седеше со своите асхаби, објаснувајќи им некои работи рече: „Ова е времето кога знаењето ќе биде одземено и загубено за луѓето.“ Зијад бин Лебид, Аллах нека е задоволен со него, се зачуди и го праша Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем: „Како може знаењето да исчезне и да се изгуби од нас, кога го читаме Куранот и го учиме напамет, и ние исто така ги подучуваме другите, ги подучуваме нашите жени, нашите деца, а нашите деца исто така ќе ги подучуваат своите деца?“ Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, го укори Зијад и му рече дека го сметал за еден од најразумните луѓе во Медина.“ Потоа Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, објасни дека исчезнувањето на знаењето нема да се случи со исчезнување на Куранот, туку вистинското исчезнување бива кога нема да се работи според она што го налага Куранот. Како што и евреите и христијаните го читаат Тевратот и Инџилот, и покрај тоа не им користи и немаат корист од тие учења, бидејќи не работат според нив.

Превод: Англиски Урду Шпански Индонезиски Ујгурски Бенгалски Француски Турски Руски Босански Синхала Индијски Виетнамски Тагалог Курдски Хауса Португалски Малајалам Телгу Свахили التاميلية البورمية التايلندية الألمانية بشتو الأسامية الألبانية السويدية الأمهرية الهولندية الغوجاراتية القيرقيزية النيبالية اليوروبا الليتوانية الدرية الصربية الصومالية الطاجيكية الكينياروندا الرومانية المجرية التشيكية الموري المالاجاشية الإيطالية الأورومو الكانادا الولوف البلغارية الأذربيجانية اليونانية الأوزبكية الأوكرانية الجورجية اللينجالا
Преглед на преводи

من فوائد الحديث

  1. Присуството на мусхафите и книгите во рацете на луѓето нема да им користи ако не постапуваат според нив.
  2. Губењето на знаењето се случува на неколку начини: Со смртта на Божјиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, со смртта на учените и со занемарувањето на работењето според тоа знаење.
  3. Еден од предзнаците на Судниот ден е исчезнувањето на знаењето и занемарувањето на работењето според него.
  4. Поттик за работење според знаењето, бидејќи тоа е она што се бара од верниците.
Повеќе...