„Можеби ќе дојде време кога некој ќе слушне за мојот хадис додека лежи на својата софа и ќе каже: ,Меѓу нас и вас е Аллаховата Книга
Овие двајца се казнуваат, но не за нешто големо. Едниот се казнува затоа што не се заштитил при уринирање, а другиот се казнува затоа што пренесуваше туѓи зборови
„Муслиманот, кога ќе биде прашан во гробот, ќе посведочи дека нема друг вистински бог освен Аллах и дека Мухамед е Божјиот пратеник.“
,Еден од предзнаците на Судниот ден е кога знаењето ќе го снема, а незнаењето ќе се прошири. Блудот и пиењето алкохол ќе станат почести, бројот на мажите ќе се намали, а бројот на жените ќе се зголеми, така што на педесет жени ќе има само еден маж кој ќе се грижи за нив.’“
„Нема да настапи Судниот ден сè додека човекот не помине покрај некој гроб и каже: ,Колку ќе бев среќен јас да бев на твоето место.‘“
„Судниот ден нема да настапи додека не се борите против евреите, така што каменот зад кој ќе се крие евреин ќе повика: ‘О муслиману, зад мене има евреин, убиј го.’“
„Се колнам во Оној, во чии раце е мојата душа, Иса, синот на Мерјем, само што не се спуштил како праведен владетел. Тој ќе го скрши крстот, ќе ја убие свињата и ќе ја поништи џизјата, тогаш ќе се зголеми имотот до таа мерка што никој нема да го прими (како милостина).“
„Часот нема да настапи додека Сонцето не изгрее од запад. Кога ќе изгрее од запад и луѓето ќе го видат, сите ќе поверуваат
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, спомена нешто и рече: „Тоа ќе се случи кога знаењето ќе исчезне.“
„Кон крајот на времето на мојот умет ќе има луѓе кои ќе ви пренесуваат зборови што ниту вие, ниту вашите татковци ги имате чуено. Па пазете се од нив и од нивните зборови!“
„Кога ќе се постави џеназата (врз носилката) и кога луѓето ќе ја подигнат на своите раменици, ако покојникот бил добар, ќе рече: ,Поведете ме напред!‘