عَنْ أَنَسٍ رَضِيَ اللَّهُ عَنْهُ، قَالَ: لَأُحَدِّثَنَّكُمْ حَدِيثًا سَمِعْتُهُ مِنْ رَسُولِ اللَّهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ لاَ يُحَدِّثُكُمْ بِهِ أَحَدٌ غَيْرِي: سَمِعْتُ رَسُولَ اللَّهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ يَقُولُ:
«إِنَّ مِنْ أَشْرَاطِ السَّاعَةِ أَنْ يُرْفَعَ العِلْمُ، وَيَكْثُرَ الجَهْلُ، وَيَكْثُرَ الزِّنَا، وَيَكْثُرَ شُرْبُ الخَمْرِ، وَيَقِلَّ الرِّجَالُ، وَيَكْثُرَ النِّسَاءُ حَتَّى يَكُونَ لِخَمْسِينَ امْرَأَةً القَيِّمُ الوَاحِدُ».

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري: 5231]
المزيــد ...

Енес, Аллах нека е задоволен со него, рекол: „Ќе ви раскажам хадис што го слушнав од Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, кој никој друг освен мене нема да ви го раскаже: Го слушнав Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели:
,Еден од предзнаците на Судниот ден е кога знаењето ќе го снема, а незнаењето ќе се прошири. Блудот и пиењето алкохол ќе станат почести, бројот на мажите ќе се намали, а бројот на жените ќе се зголеми, така што на педесет жени ќе има само еден маж кој ќе се грижи за нив.’“

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري - 5231]

Објаснување

Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, објасни дека еден од предзнаците на приближувањето на Судниот ден е снемувањето на верското знаење со смртта на учените. Како резултат на тоа, незнаењето ќе се зголеми и ќе се прошири, блудот и неморалот ќе станат почести, пиењето алкохол ќе се зголеми, бројот на мажите ќе се намали, а бројот на жените ќе се зголеми; така што на педесет жени ќе има само еден маж кој ќе се грижи за нив.

من فوائد الحديث

  1. Ова е објаснувањето за некои од предзнаците на Судниот ден.
  2. Времето на Судниот ден е од скриените работи кои само Аллах ги знае.
  3. Поттик за изучување на верското знаење пред да исчезне.
Преглед на преводи
Јазик: Англиски Урду Шпански Повеќе... (65)