„Робот кога ќе се разболи или ќе биде на пат, ќе му биде запишана наградата за она што го прави, како за делата кои имал навика да го прави како кога бил здрав и дома.“
„Пренесете од мене па дури и еден ајет, и раскажувајте за синовите Израилови, нема пречка. А кој намерно ќе излаже за мене, нека си го подготви своето место во Огнот.“
„Се колнам во Оној, во чии раце е мојата душа, Иса, синот на Мерјем, само што не се спуштил како праведен владетел. Тој ќе го скрши крстот, ќе ја убие свињата и ќе ја поништи џизјата, тогаш ќе се зголеми имотот до таа мерка што никој нема да го прими (како милостина).“
О, луѓе, навистина Аллах ја отстрани од вас горделивоста и надменоста на џахилиетот и вашето фалење со потеклото и предците
„Имаше еден човек – не знам друг да живееше подалеку од џамијата од него – а сепак не пропушташе ниеден намаз во џамија
Правете дела онолку колку што можете да издржите, зашто, се колнам во Аллах, Аллах не се заморува (не престанува да дарува награда) сè додека вие не се изморите (од правење добри дела).’“