عن عبد الله بن عمرو رضي الله عنهما أن النبي صلى الله عليه وسلم قال:
«بَلِّغُوا عَنِّي وَلَوْ آيَةً، وَحَدِّثُوا عَنْ بَنِي إِسْرَائِيلَ وَلَا حَرَجَ، وَمَنْ كَذَبَ عَلَيَّ مُتَعَمِّدًا فَلْيَتَبَوَّأْ مَقْعَدَهُ مِنَ النَّارِ».
[صحيح] - [رواه البخاري] - [صحيح البخاري: 3461]
المزيــد ...
Абдулах бин Амр, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Пренесете од мене па дури и еден ајет, и раскажувајте за синовите Израилови, нема пречка. А кој намерно ќе излаже за мене, нека си го подготви своето место во Огнот.“
[صحيح] - [رواه البخاري] - [صحيح البخاري - 3461]
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, наредува да се пренесува знаењето со кое дошол, било од Куранот или сунетот, дури и ако е нешто мало како еден ајет од Куранот или хадис, под услов пренесувачот да биде запознаен со тоа што го пренесува и со тоа кон кое повикува. Потоа, салаллаху алејхи ве селем, објасни дека нема пречка да се раскажува за синовите Израилови за настаните што им се случиле, се додека не во спротивност на нашиот шеријатски верозакон. И на крај, предупреди од лажењето за него, и дека кој намерно ќе излаже за него, нека си го подготви своето место во Огнот.