+ -

عَنِ شُرَيْحٍ بنِ هانِئٍ قَالَ:
سَأَلْتُ عَائِشَةَ، قُلْتُ: بِأَيِّ شَيْءٍ كَانَ يَبْدَأُ النَّبِيُّ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ إِذَا دَخَلَ بَيْتَهُ؟ قَالَتْ: بِالسِّوَاكِ.

[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم: 253]
المزيــد ...

Шурејх бин Хани раскажува:
„Ја прашав Аиша: ,Со што најпрво започнуваше Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, кога ќе влезеше во куќата?‘ Таа одговори: ,Со мисвак.‘“

[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم - 253]

Објаснување

Од праксата на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, било кога ќе влезел во куќата, најпрво да го користи мисвакот, без разлика дали било дење или ноќе.

من فوائد الحديث

  1. Пропишаноста на користењето на мисвак важи во секое време, но особено се нагласува во одредени ситуации што шеријатот ги препорачал, како што се: при влегување во куќата, пред намаз, при земање абдест, по будење од сон и при непријатен мирис на устата.
  2. Ова покажува колку табиините биле посветени на прашување за начинот на животот и сунетите на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, за да можат што подобро да го следат неговиот пример.
  3. Земање знаење од оние што се најдобро упатени во одредено прашање, како што е примерот со Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, која како негова сопруга најдобро ги знаела неговите навики во домот, па затоа била прашана за тоа.
  4. Убавиот однос на Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, кон неговото семејство, бидејќи при влегување во куќата најпрво ја чистел својата уста.
Превод: Англиски Урду Шпански Индонезиски Бенгалски Француски Турски Руски Босански Синхала Индијски Кинески Персиски Виетнамски Тагалог Курдски Хауса Португалски Малајалам Телгу Свахили التايلندية بشتو الأسامية الأمهرية الهولندية الغوجاراتية النيبالية المجرية الجورجية
Преглед на преводи