,Пет работи се од фитрата (природна чистота): обрежувањето, бричењето на срамните места, кратењето на мустаќите, сечењето на ноктите и отстранувањето на влакната под пазувите.‘“
„Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, кога ќе се разбудел од спиење веднаш ги чистел забите со мисвак .“
„Ја прашав Аиша: ,Со што најпрво започнуваше Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, кога ќе влезеше во куќата?‘ Таа одговори: ,Со мисвак.‘“
„Нам ни беше одредено да не ги оставаме мустаќите без да ги скратиме, ноктите без да ги исечеме, влакната под пазувите без да ги отстраниме и интимните влакна без да ги избричиме – подолго од четириесет ноќи.“