عن أبِي هريرة رضي اللَّه عنه: سمعتُ النبِيّ صلى الله عليه وسلم يقول:
«الفِطْرَةُ خمسٌ: الخِتَانُ والاستحدادُ وقصُّ الشَّارِبِ وتقليمُ الأظفارِ وَنَتْفُ الآبَاطِ».

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري: 5891]
المزيــد ...

Ебу Хурејре, радијаллаху анху, рекол: „Го слушнав Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, како вели:
,Пет работи се од фитрата (природна чистота): обрежувањето, бричењето на срамните места, кратењето на мустаќите, сечењето на ноктите и отстранувањето на влакната под пазувите.‘“

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري - 5891]

Објаснување

„Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, објаснил пет особини кои се од верата на исламот и од праксите на Пратениците.“
„Првата е обрежувањето: тоа подразбира отсекување на вишокот кожа на машкиот полов орган над неговата купола, и отсекување на горниот дел од кожичката на половиот орган кај жената, над местото на пенетрација (во вагината).“
„Втората е истихдадот: бричењето на срамните влакна што се околу половиот орган.“
„Третата е кратењето на мустаќите: скратувањето на влакната што растат над горната усна на мажот, така што усната да биде видлива.“
„Четвртата е: сечењето на ноктите.“
„Петтата е: отстранувањето на влакната под пазувите.“

من فوائد الحديث

  1. „Сунетите на пратениците, кои Аллах ги сака, ги одобрува и ги наредува, повикуваат кон совршенство, чистота и убавина.“
  2. „Законитоста/пропишаноста на постојаното одржување на овие работи и да не се биде немарен кон нив.“
  3. „Овие особини имаат верски и дуњалучки придобивки, како што се: подобрувањето на изгледот, одржувањето на телесната чистота, внимателноста во однос на чистотата, разликувањето од неверниците и покорност на Аллаховата наредба.“
  4. „Во други хадиси се спомнуваат дополнителни особини на фитрата, освен овие пет, како што се: пуштањето на брадата, користењето на мисвакот и други.“
Преглед на преводи
Јазик: Англиски Урду Шпански Повеќе... (59)