+ -

عن العِرْباضِ بن ساريةَ رضي الله عنه قال:
قام فينا رسول الله صلى الله عليه وسلم ذات يوم، فوَعَظَنا مَوعظةً بليغةً وَجِلتْ منها القلوبُ، وذَرَفتْ منها العيونُ، فقيل: يا رسول الله، وعظتَنَا موعظةَ مُودِّعٍ فاعهد إلينا بعهد. فقال: «عليكم بتقوى الله، والسمع والطاعة، وإن عبدًا حبشيًّا، وسترون من بعدي اختلافًا شديدًا، فعليكم بسنتي وسنة الخلفاء الراشدين المهديين، عَضُّوا عليها بالنواجِذ، وإياكم والأمور المحدثات، فإن كل بدعة ضلالة».

[صحيح] - [رواه أبو داود والترمذي وابن ماجه وأحمد] - [سنن ابن ماجه: 42]
المزيــد ...

Ирбад бин Сарије, радијаллаху анху, вели:
„Еден ден, Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, стана во толпата и ни одржа говор заради кој срцето ни затрепери а очите ни се насолзија, па рековме: ,О, Пратенику, ова како да е проштален говор, затоа остави ни аманет.‘ Тој рече: ,Плашете се од Семоќниот Аллах и бидете им покорни и послушни на важите водачи, дури тој да е и некој абисински роб. После мене ќе видите големи несогласувања, затоа, држете се до мојата традиција и традицијата на хулефаи рашидин – праведните и упатените халифи, загризете ја таа традиција со катниците и внимавајте на измислени работи во верата, бидејќи секоја измислена работа води кон заблуда.‘“

[صحيح] - [رواه أبو داود والترمذي وابن ماجه وأحمد] - [سنن ابن ماجه - 42]

Објаснување

Аллаховиот пратеник, алејхи селам, ги советувал асхабите со убави совети, поради кои срцата им се исполнија со страв, а очите им се насолзија, па кажаа: О, Аллахов пратенику, како да држиш проштален говор. Асхабите забележаа сериозност во говорот на Аллаховиот пратеник, алејхи селам, па затоа побараа да им остави аманет кој тие ќе го исполнат после него, а тој им рече: Ви оставам завет да се плашите од Аллах, така што ќе ги исполнувате обврските, а ќе ги избегнувате забранетите работи, ќе им бидете послушни на вашите водачи, па дури тој водач да биде роб или да ја презеде власта, т.е. и од најнизок слој на луѓе да ви стане водач немојте да ви биде одбивно, туку следете го, за да не дојде до неред, а кој ќе го дочека тоа од вас за време на својот живот, ќе биде сведок на големи несогласувања, потоа им го објаснил излезот од ова несогласување, дека тоа е можно доколку ја следат неговата традиција и традицијата на праведните и упатените халифи, кои ќе дојдат после Пратеникот: Ебу Бекр, Омер бин Хатаб, Осман бин Афан и Али бин ебу Талиб, Аллах нека е задоволен со сите нив, и за тие традиции нека се фатат како да загризат со катниците до последниот мислејќи со ова: сериозност во следењето на традицијата и неотстапување од неа, и ги предупредил од некои ново-воведени работи во верата, а секоја таква измислена работа го носи човекот во заблуда.

من فوائد الحديث

  1. Важно е да се придржуваме кон традицијата/сунетот и да ја следиме.
  2. Да ги практикуваме советувањата со цел да им ги омекнеме срцата на луѓето.
  3. Наредба да ги следиме четворицата праведни халифи после Пратеникот, а тоа се Ебу Бекр, Омер, Осман и Али, радијаллаху анхум.
  4. Забрането е да измислиме нешто во верата, и секоја таква измислица нè води во заблуда.
  5. Ќе бидеме послушни и покорни на тие што ги водат муслиманите, освен ако се работи за грев.
  6. Важност на страв од Аллах Возвишениот, во секое време и во секоја ситуација.
  7. Несогласувањето е можно помеѓу припадниците на овој умет, а ако се случи, потребно е да и се вратиме на традицијата на Аллаховиот пратеник, алејхи селам, и на неговите праведни халифи.
Превод: Англиски Урду Индонезиски Ујгурски Бенгалски Турски Босански Синхала Индијски Кинески Персиски Виетнамски Тагалог Курдски Хауса Португалски Малајалам Телгу Свахили التاميلية البورمية التايلندية الألمانية بشتو الأسامية الألبانية السويدية الأمهرية الهولندية الغوجاراتية القيرقيزية النيبالية اليوروبا الليتوانية الدرية الصربية الصومالية الكينياروندا الرومانية المجرية التشيكية الموري المالاجاشية الأورومو الكانادا الولوف الأذربيجانية الأوكرانية الجورجية
Преглед на преводи
Повеќе...