عَنْ أُبَيِّ بْنِ كَعْبٍ رَضيَ اللهُ عنه قَالَ:
كَانَ رَجُلٌ لَا أَعْلَمُ رَجُلًا أَبْعَدَ مِنَ الْمَسْجِدِ مِنْهُ، وَكَانَ لَا تُخْطِئُهُ صَلَاةٌ، قَالَ: فَقِيلَ لَهُ: أَوْ قُلْتُ لَهُ: لَوْ اشْتَرَيْتَ حِمَارًا تَرْكَبُهُ فِي الظَّلْمَاءِ، وَفِي الرَّمْضَاءِ، قَالَ: مَا يَسُرُّنِي أَنَّ مَنْزِلِي إِلَى جَنْبِ الْمَسْجِدِ، إِنِّي أُرِيدُ أَنْ يُكْتَبَ لِي مَمْشَايَ إِلَى الْمَسْجِدِ، وَرُجُوعِي إِذَا رَجَعْتُ إِلَى أَهْلِي، فَقَالَ رَسُولُ اللهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ: «قَدْ جَمَعَ اللهُ لَكَ ذَلِكَ كُلَّهُ».

[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم: 663]
المزيــد ...

Убеј бин Каб, Аллах нека е задоволен со него, раскажува:
„Имаше еден човек – не знам друг да живееше подалеку од џамијата од него – а сепак не пропушташе ниеден намаз во џамија. Му рекоа – или јас му реков: ,Зашто не купиш едно магаре за да можеш да јаваш во темнината и при жештината?‘ Тој одговори: ,Не би сакал ни мојата куќа да е покрај самата џамија. Сакам моето пешачење кон џамијата и враќањето дома да ми бидат запишани како добри дела.‘ На тоа Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рече: ,Аллах ти го запиша сето тоа.‘“

[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم - 663]

Објаснување

Убеј бин Каб, Аллах нека е задоволен со него, раскажува: Еден енсарија живееше во една од најоддалечените куќи од Пратениковата џамија, но не пропушташе ниту еден намаз – секогаш клањаше со Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем. Некои му рекоа: „Зошто не купиш магаре, за да јаваш навечер во темнината и преку ден по жешката земја?“ Тој одговори: „Не би сакал ниту мојата куќа да е веднаш до џамијата. Сакам Аллах да ми го запише секое мое одење кон џамијата и секое враќање кај семејството.“ Кога овие зборови стигнаа до Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, тој рече: „Аллах ти го запиша сето тоа.“

من فوائد الحديث

  1. Силната желба на асхабите за добри дела, за зголемување на нивните награди и постигнување поголема награда на Ахиретот.
  2. Ен-Невеви рекол: „Овој хадис потврдува дека секој чекор при враќањето од намаз носи со себе награда, исто како и чекорите при одењето кон џамијата.“
  3. Муслиманите треба да се советуваат меѓусебно за добро и да се поттикнуваат на праведност. Оној што ќе забележи дека неговиот брат трпи потешкотија, нека му укаже на начин за да ја отстрани или олесни.
  4. Оддалеченоста на куќата од џамијата не е изговор за изоставување на намазот во џемат, сè додека се слуша езанот.
Преглед на преводи
Јазик: Англиски Урду Шпански Повеќе... (33)