عَنْ أَبِي هُرَيْرَةَ رَضِيَ اللَّهُ عَنْهُ قَالَ: قَالَ رَسُولُ اللَّهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ:
«كُلُّ سُلاَمَى مِنَ النَّاسِ عَلَيْهِ صَدَقَةٌ، كُلَّ يَوْمٍ تَطْلُعُ فِيهِ الشَّمْسُ يَعْدِلُ بَيْنَ الِاثْنَيْنِ صَدَقَةٌ، وَيُعِينُ الرَّجُلَ عَلَى دَابَّتِهِ فَيَحْمِلُ عَلَيْهَا أَوْ يَرْفَعُ عَلَيْهَا مَتَاعَهُ صَدَقَةٌ، وَالكَلِمَةُ الطَّيِّبَةُ صَدَقَةٌ، وَكُلُّ خُطْوَةٍ يَخْطُوهَا إِلَى الصَّلاَةِ صَدَقَةٌ، وَيُمِيطُ الأَذَى عَنِ الطَّرِيقِ صَدَقَةٌ».
[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري: 2989]
المزيــد ...
Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„За секој зглоб од телото на човекот следува садака, со секој нов ден што го носи изгревот на Сонцето. Да се пресуди правично меѓу двајца е садака. Да му помогнеш на човекот со неговото животно – да го качиш на него или да му го подигнеш товарот – исто така е садака. Добриот збор е садака. Секој чекор што го правиш на патот кон намазот е садака. И да отстраниш пречка од патот е садака.“
[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري - 2989]
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, објаснил дека секој полнолетен муслиман, кој е обврзан да ги извршува верските прописи, секој ден треба да даде садака за секој зглоб од своите коски, како знак на благодарност кон Аллах за здравјето и способноста што му ги дал, овозможувајќи му да ги користи зглобовите за разни функции, како фаќање, пружање, и сл. Оваа садака се исполнува преку разни добри дела и не е ограничена само на давање материјална садака. Некои од таквите дела се: Да посредуваш и да помириш двајца што се во расправија е садака. Да му помогнеш на човекот со неговото животно, да го качиш на него или да му го подигнеш товарот е садака. Убавиот збор, како што е зикрот, довата, поздравувањето со селам и слично е садака. Секој чекор што го правиш на патот кон намазот е садака. Отстранување на сè што им пречи на луѓето од патот е садака.