عَنْ أَبِي هُرَيْرَةَ رضي الله عنه عَنِ النَّبِيِّ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ قَالَ:
«إِنَّ الدِّينَ يُسْرٌ، وَلَنْ يُشَادَّ الدِّينَ أَحَدٌ إِلَّا غَلَبَهُ، فَسَدِّدُوا وَقَارِبُوا، وَأَبْشِرُوا، وَاسْتَعِينُوا بِالْغَدْوَةِ وَالرَّوْحَةِ وَشَيْءٍ مِنَ الدُّلْجَةِ».
[صحيح] - [رواه البخاري] - [صحيح البخاري: 39]
المزيــد ...
Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Навистина верата е лесна, и секој што ќе се обиде да претерува во неа, таа ќе го надвладее. Затоа, стремете се кон умереноста и приближете се до неа, радувајте се и помогнетеси себеси во утринските и вечерните часови, како и во дел од ноќта.“
[صحيح] - [رواه البخاري] - [صحيح البخاري - 39]
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, објаснил дека верата во основа е лесна и едноставна во сите нејзини аспекти. Оваа леснотија се нагласува посебно кога постои оправдана причина како немоќ или потреба. Претерувањето во верските дела и оставањето на умереноста доведуваат до немоќ и прекин на делата, било целосно или делумно. Потоа Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, поттикнал на умереност без претерување. Верникот не треба да биде немарен во извршувањето на она што му е наредено, ниту да презема повеќе отколку што може да издржи. Ако не е во можност делото да го изврши во целост, нека го изврши приближно според своите можности.
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ги израдувал верниците со голема награда за постојаните дела, дури и ако тие се малубројни, за оние кои не можат да ги извршат делата во нивната целост. Ако немоќта не е по нивна вина, тогаш тоа нема да ја намали нивната награда.
Давајќи до знаење дека овој свет е само премин и патување кон ахиретот, Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, поттикнал на постојан ибадет, препорачувајќи негово извршување во три временски периоди:
1. Утрото – извршување на делата во раните утрински часови, меѓу сабах намазот и изгрејсонцето.
2. Попладнето – извршување на делата по времето на пладневниот намаз.
3. Ноќта – извршување на делата во текот на ноќта, било во текот на целата ноќ или во дел од неа. Причина е фактот дека ноќните дела се потешки од дневните, Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, препорачал барем дел од ноќта да се искористи за ибадет, со зборовите: „и во дел од ноќта“.