عن عبد الله بن عمرو رضي الله عنهما أن رسول الله صلى الله عليه وسلم قال:
«الدُّنْيَا مَتَاعٌ، وَخَيْرُ مَتَاعِ الدُّنْيَا الْمَرْأَةُ الصَّالِحَةُ».

[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم: 1467]
المزيــد ...

Абдуллах бин Амр, радијаллаху анхума, пренесува дека Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„Овој свет е (привремено) уживање, а најголемото уживање на овој свет е добра сопруга.“

[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم - 1467]

Објаснување

Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, нè известува дека овој свет и она што е во него, е нешто што луѓето го користат/уживаат во него одредено време, а потоа ќе исчезне. Највредното задоволство на овој свет е добрата сопруга која кога нејзиниот сопруг ќе ја погледне го прави среќен, кога ќе ѝ нареди да направи нешто, таа го прави тоа, а кога тој е далеку од дома, ја брани и чува својата чест и неговиот имот.

من فوائد الحديث

  1. Дозволено е да ги користиме задоволствата на овој свет кои Аллах им ги дозволил на Своите робови, без претерување, вообразеност или нивна злоупотреба.
  2. Поттик да избереме добра сопруга, бидејќи таа е важна помош за сопругот во покорноста кон Господарот.
  3. Најдоброто задоволство на овој свет е тоа кое се манифестира со покорност кон Аллах или ни помага да бидеме покорни.
Преглед на преводи
Јазик: Англиски Урду Шпански Повеќе... (63)
Повеќе...