عَنْ أَبِي سَعِيدٍ الخُدْرِيِّ رضي الله عنه قَالَ: خَرَجَ رَسُولُ اللَّهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ فِي أَضْحَى أَوْ فِطْرٍ إِلَى المُصَلَّى، فَمَرَّ عَلَى النِّسَاءِ، فَقَالَ:
«يَا مَعْشَرَ النِّسَاءِ، تَصَدَّقْنَ، فَإِنِّي أُرِيتُكُنَّ أَكْثَرَ أَهْلِ النَّارِ» فَقُلْنَ: وَبِمَ يَا رَسُولَ اللَّهِ؟ قَالَ: «تُكْثِرْنَ اللَّعْنَ، وَتَكْفُرْنَ العَشِيرَ، مَا رَأَيْتُ مِنْ نَاقِصَاتِ عَقْلٍ وَدِينٍ أَذْهَبَ لِلُبِّ الرَّجُلِ الحَازِمِ مِنْ إِحْدَاكُنَّ»، قُلْنَ: وَمَا نُقْصَانُ دِينِنَا وَعَقْلِنَا يَا رَسُولَ اللَّهِ؟ قَالَ: «أَلَيْسَ شَهَادَةُ المَرْأَةِ مِثْلَ نِصْفِ شَهَادَةِ الرَّجُلِ» قُلْنَ: بَلَى، قَالَ: «فَذَلِكِ مِنْ نُقْصَانِ عَقْلِهَا، أَلَيْسَ إِذَا حَاضَتْ لَمْ تُصَلِّ وَلَمْ تَصُمْ» قُلْنَ: بَلَى، قَالَ: «فَذَلِكِ مِنْ نُقْصَانِ دِينِهَا».
[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري: 304]
المزيــد ...
Ебу Сеид ел-Худри, Аллах нека е задоволен со него, раскажува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, излегол на денот на курбанскиот или рамазанскиот бајрам на местото каде што се извршувал намазот на отворено. Поминал покрај жените и им рекол:
„,О жени, давајте садака/милосрдие, бидејќи ми беше покажано дека повеќето жители на Џехенемот сте вие.‘
Тие го прашаа: ,А зошто, о Божји пратенику?‘
Тој одговори: ,Затоа што многу проколнувате и не сте благодарни на вашите сопрузи. Не сум видел никого со помал разум и вера кој би можел да му го одземе разборот на разумен маж повеќе од една од вас.‘
Тие прашаа: ,Во што се состои нашиот недостаток во разумот и верата, о Божји пратенику?‘
Тој рече: ,Не ли сведоштвото на жената е половина од сведоштвото на мажот?‘
Тие одговорија: ,Да.‘
Тој рече: ,Тоа е поради намалувањето на нејзиниот разум. И не ли кога има менструација, не клања и не пости?‘
Тие одговорија: ,Да.‘
Тој рече: ,Тоа е поради намалувањето на нејзината вера.‘“
[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري - 304]
Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, на денот на Бајрам излегол на местото каде што се извршувал намазот на отворено. Тој им имаше ветено на жените дека ќе им одвои посебен момент за да им се обрати, па тој ден го исполни своето ветување и рече: „О жени, давајте садака и многу барајте прошка, бидејќи тие се меѓу најголемите причини за бришење на гревовите. Навистина, во ноќта на Исра видов дека повеќето жители на Џехенемот сте вие.“
Тогаш една од жените, која беше разумна, мудра и угледна, го праша:
„А зошто, о Божји пратенику, сме повеќето жители на Џехенемот?“
Тој одговори:
„Поради неколку работи: многу проколнувате и навредувате, и не го признавате правото на вашите сопрузи.“ Потоа ги опиша со зборовите:
„Не сум видел никого со помал разум и вера кој повеќе би можел да надвладее разумен, промислен и одлучен маж како една од вас.“
Таа праша:
„О Божји пратенику, во што се состои нашиот недостаток во разумот и верата?“
Тој одговори:
„Што се однесува до намалувањето на разумот, сведоштвото на две жени е еднакво со сведоштвото на еден маж – тоа е недостатокот на разумот. А што се однесува до недостатокот на верата, тоа е намалувањето на добрите дела, бидејќи жената останува неколку ноќи и денови без да клања поради менструацијата и пропушта денови од постот во месецот рамазан поради менструацијата. Тоа е недостатокот на верата. Но, тие за тоа не се прекоруваат ниту казнуваат, бидејќи тоа е дел од нивната природа на која се створени, исто како што човекот е создаден со љубов кон богатството, со нетрпеливост и незнаење, и други нешта." Овој недостаток е спомнат како предупредување за да се избегне соблазнување преку нив.