+ -

عَنْ أَبِي سَعِيدٍ الخُدْرِيَّ رَضِيَ اللَّهُ عَنْهُ -وَكَانَ غَزَا مَعَ النَّبِيِّ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ ثِنْتَيْ عَشْرَةَ غَزْوَةً- قَالَ: سَمِعْتُ أَرْبَعًا مِنَ النَّبِيِّ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ، فَأَعْجَبْنَنِي، قَالَ:
«لاَ تُسَافِرِ المَرْأَةُ مَسِيرَةَ يَوْمَيْنِ إِلَّا وَمَعَهَا زَوْجُهَا أَوْ ذُو مَحْرَمٍ، وَلاَ صَوْمَ فِي يَوْمَيْنِ: الفِطْرِ وَالأَضْحَى، وَلاَ صَلاَةَ بَعْدَ الصُّبْحِ حَتَّى تَطْلُعَ الشَّمْسُ، وَلاَ بَعْدَ العَصْرِ حَتَّى تَغْرُبَ، وَلاَ تُشَدُّ الرِّحَالُ إِلَّا إِلَى ثَلاَثَةِ مَسَاجِدَ: مَسْجِدِ الحَرَامِ، وَمَسْجِدِ الأَقْصَى، وَمَسْجِدِي هَذَا».

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري: 1995]
المزيــد ...

Ебу Сеид ел Худри, радијаллаху анху – кој учествуваше во дванаесет битки заедно со Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, вели: Слушнав четири работи од Аллаховиот пратеник, алејхи селам, и многу ми се допаѓаат:
„Жената не патува растојание кое се поминува за два дена, ако не е придружувана од мажот или од махрем. Нема постење на два дена: Фитр и Курбан Бајрам. Нема намаз од мугрите додека Сонцето не излезе потполно, ниту од попладне (икиндија) до зајдисонце. Не се патува со намера освен кон три џамии: Месџидул Харам во Мека, Месџидул Акса во Ерусалим и оваа џамија (во Медина).“

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري - 1995]

Објаснување

Аллаховиот пратеник, алејхи селам, забранил четири работи.
Прво: ѝ забранил на жената да оди на патување подолго од два дена без нејзиниот сопруг или махрем. Махрем на жената е секој маж од нејзините роднини со кои ѝ е трајно забрането да стапи во брак.
Второ: го забранил постот на денот на Фитр Бајрам и Курбан Бајрам, без разлика дали некој дал завет дека ќе пости во тие денови, доброволно или како откуп за некој прекршок.
Трето: забранил доброволен намаз да се клања по икиндија намаз до зајдисонце и од мугрите (времето кога се клања сабах) до изгрејсонце.
Четврто: забранил и патување кон некое место за кое сметаме дека има посебна вредност и дека во него се умножуваат добрите дела, освен ако се работи за овие три џамии. Затоа не се патува заради клањање намаз сметајќи дека повеќекратно ќе бидеме наградени за тој намаз, освен во овие три џамии: Месџидул-Харам (Мека), Ел Месџидун-Небевиј (Медина) и Месџидул-Акса (Ерусалим).

من فوائد الحديث

  1. Не е дозволено жената да патуваа без сопатник-махрем.
  2. Жената не може да биде махрем на друга жена додека патува. Хадисот експлицитно вели дека жената може да патува само со нејзиниот сопруг или машки член на семејството кој е нејзин махрем.
  3. Ова правило важи за сè што се нарекува патување, иако овој хадис споменува патување чие растојание е два дена. Имено, Пратеникот така се изразил бидејќи тоа одговара на состојбата и околностите на тоа место и време.
  4. Мажот е махрем на жената како и секој маж со кој ѝ е трајно забрането да се омажи. Туке се тие со кои имаме крвно сродство како татко, син, чичко и вујко; сродство по доење како татко и вујко; а потоа преку мажење како свекор. Покрај тоа, махремот мора да биде полнолетен, разумен и доверлив муслиман, имајќи предвид дека целта на патувањето на жената со махрем е нејзина заштита и овозможување да ги реализира целите на патувањето.
  5. Грижа на исламскиот верозакон за жената, за нејзината заштита и безбедност.
  6. Не е валиден општиот доброволен намаз кој се клања по утринската и попладневната молитва. Од друга страна, во тие времиња е дозволено да се клања пропуштениот задолжителен намаз или да се клања намаз со причина како што е Техијетул-Масџид (намазот што се извршува при влегувањето во џамија) и сл.
  7. Забрането е да се клања намаз откако ќе изгрее Сонцето. Потребно е да се почека Сонцето да се дигне за едно копје. Ова е приближно десет до петнаесет минути.
  8. Времето на икиндија е до заоѓањето на Сонцето.
  9. Дозволено му е на човекот да тргне на пат за да ги посети овие три џамии.
  10. Вредност на трите џамии и нивната одлика во однос на другите џамии.
  11. Не е дозволено да се оди на патување за посета на гробишта, дури и ако се работи за гробот на Пратеникот. Меѓутоа, пропишано е да се посети гробот на Пратеникот за оној кој е во Медина или оној кој дошол поради некоја дозволена причина.
Превод: Англиски Урду Шпански Индонезиски Ујгурски Бенгалски Француски Турски Руски Босански Синхала Индијски Кинески Персиски Виетнамски Тагалог Курдски Хауса Португалски Малајалам Телгу Свахили التايلندية بشتو الأسامية السويدية الأمهرية الهولندية الغوجاراتية القيرقيزية النيبالية اليوروبا الدرية الصربية الصومالية الكينياروندا الرومانية المجرية التشيكية الموري المالاجاشية الأورومو الكانادا الولوف الأوكرانية الجورجية
Преглед на преводи