عَنْ عَبْدِ اللَّهِ بْنِ عُمَرَ رَضِيَ اللَّهُ عَنْهُمَا قَالَ: أَخَذَ رَسُولُ اللَّهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ بِمَنْكِبِي، فَقَالَ:
«كُنْ فِي الدُّنْيَا كَأَنَّكَ غَرِيبٌ أَوْ عَابِرُ سَبِيلٍ»، وَكَانَ ابْنُ عُمَرَ، يَقُولُ: إِذَا أَمْسَيْتَ فَلاَ تَنْتَظِرِ الصَّبَاحَ، وَإِذَا أَصْبَحْتَ فَلاَ تَنْتَظِرِ المَسَاءَ، وَخُذْ مِنْ صِحَّتِكَ لِمَرَضِكَ، وَمِنْ حَيَاتِكَ لِمَوْتِكَ.
[صحيح] - [رواه البخاري] - [صحيح البخاري: 6416]
المزيــد ...
Од Абдулах бин Омер, радијаллаху анхума, се пренесувадека рекол: „Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селем, ме фати за рамото и ми рече:
,На овој свет биди како да си странец или случаен минувач.‘“ А Ибн Омер велеше: „Ако ја дочекаш ноќта, не чекај го утрото, а ако се разбудиш наутро, не чекај ја ноќта. Искористи го здравјето пред да дојде болеста, а животот пред да дојде смртта.“
[صحيح] - [رواه البخاري] - [صحيح البخاري - 6416]
Ибн Омер, радијаллаху анху, спомнал дека Пратеникот, алејхи селам, го фатил за рамото – што е зглоб над надлактицата – и му рекол: Биди на овој свет како странец, кој дошол во земја каде што тој нема дом за да се засолни, ниту жители за да се позабави со нив, тука нема семејство, деца и роднини, кои се причина тој да биде зафатен со нив, а не со Создателот, напротив, биди повеќе од еден странец кој поминува по патот барајќи ја својата татковина. Бидејќи странецот може да живее во туѓа земја и да има престојувалиште таму, за разлика од патникот кој има намера да замине од земјата, неговата работа е да продолжи и да не застанува, за да стигне до својата земја. Како што на патникот не му треба повеќе од она што ќе го доведе на дестинацијата на своето патување, исто така и на верникот во овој свет не му треба повеќе од она што ќе го доведе до целта.
Ибн Омер работеше според овој совет и велеше: Ако се разбудите наутро, не чекајте ја ноќта, а ако ја дочекате ноќта, не чекајте го утрото, и сметајте се за умрени, затоа што животот е менување на состојбата на здравје и болест; Затоа, побрзај со дела на покорност во деновите на здравјето пред да настапи болеста. Искористи ги добрите дела во период на здравјето пред да те спречи болеста, и искористи го својот живот на овој свет и собери го на него она што ќе ти користи после твојата смрт.