عَنْ أَبِي هُرَيْرَةَ رضي الله عنه قَالَ: قَالَ رَسُولُ اللهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ:
«لَا تَحَاسَدُوا، وَلَا تَنَاجَشُوا، وَلَا تَبَاغَضُوا، وَلَا تَدَابَرُوا، وَلَا يَبِعْ بَعْضُكُمْ عَلَى بَيْعِ بَعْضٍ، وَكُونُوا عِبَادَ اللهِ إِخْوَانًا الْمُسْلِمُ أَخُو الْمُسْلِمِ، لَا يَظْلِمُهُ وَلَا يَخْذُلُهُ، وَلَا يَحْقِرُهُ التَّقْوَى هَاهُنَا» وَيُشِيرُ إِلَى صَدْرِهِ ثَلَاثَ مَرَّاتٍ «بِحَسْبِ امْرِئٍ مِنَ الشَّرِّ أَنْ يَحْقِرَ أَخَاهُ الْمُسْلِمَ، كُلُّ الْمُسْلِمِ عَلَى الْمُسْلِمِ حَرَامٌ، دَمُهُ، وَمَالُهُ، وَعِرْضُهُ».
[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم: 2564]
المزيــد ...
Ебу Хурејре, Аллах нека е задоволен со него, пренесува дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, рекол:
„,Не завидувајте еден на друг, не зголемувајте ја лажно цената при купување (за да го измамите другиот), не мразете се, не свртувајте грб еден на друг и не продавајте преку продажбата на вашиот брат. Бидете Аллахови робови и браќа!
Муслиманот е брат на муслиманот – не му прави зулум, не го напушта (во неволја), и не го понижува.
Богобојазливоста е овде!‘ – и покажа кон градите трипати.
,Доволно зло за човекот е да го понижува својот брат муслиман. Забранети му се на секој муслиман спрема другиот муслиман: крвта, имотот и честа.‘“
[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم - 2564]
Аллаховиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, го советувал муслиманот да се однесува добро кон својот брат муслиман, и појаснил дел од неговите обврски и правила на однесување. Меѓу нив се: 1. Не завидувајте еден на друг – односно, не посакувајте да му се одземе благодатта на некој друг. 2. Не зголемувајте ја лажно цената – односно, никој да не ја покачува цената на производот без да има намера да го купи, туку само за да му помогне на продавачот или да му наштети на купувачот. 3. Не мразете се – односно, не посакувајте штета еден на друг. Исклучок е омразата поради Аллах – таа е обврска. 4. Не свртувајте грб еден на друг – односно, не се игнорирајте и не прекинувајте ги односите со одбивност и бојкотирање. 5. Не продавајте преку продажбата на вашиот брат – на пример, да му речеш на купувачот: „Кај мене ја имаш истата роба поевтино“ или „поквалитетна по иста цена.“ Потоа, Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, дал еден општ и севкупен совет: Бидете вистински браќа! Воздржувајте се од сите спомнати забрани, покажувајте љубов, нежност, сомилост и меѓусебна поддршка во доброто – со искрени срца и искрени совети во секое време. Од обврските што произлегуваат од ова братство се: Да не му прави зулум на својот брат муслиман и да не го загрозува. Да не го остава кога му се прави зулум, туку – ако има можност – да го поддржи, да го одбрани и да го заштити од неправда. Да не го потценува, омаловажува или гледа на него со презир – бидејќи тоа произлегува како резултат на вообразеност во срцето. Потоа, Веровесникот, салаллаху алејхи ве селем, трипати нагласил дека богобојазливоста е во срцето – и оној кој ја носи во себе ќе биде поттикнат кон добар морал, страв од Аллах и постојано внатрешно надгледување. Таквиот човек нема да го потценува својот брат муслиман, бидејќи самото потценување е доволна особина на злото – и тоа поради вообразеност во срцето. На крајот, Пратеникот, салаллаху алејхи ве селем, ја потврдил оваа поука со зборовите дека на секој муслиман му се забранети следниве три нешта кон друг муслиман: неговата крв, неговиот имот и неговата чест.
– Крвта: да не му го одземе животот со убиство, да не му нанаесе повреда или да го нападне;
– Имотот: да не му се одземе нешто неправедно;
– Честа: да не се навредува, понижува или озборува.