عَنْ عَائِشَةَ رضي الله عنها قَالَتْ:
فَقَدْتُ رَسُولَ اللهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ لَيْلَةً مِنَ الْفِرَاشِ فَالْتَمَسْتُهُ فَوَقَعَتْ يَدِي عَلَى بَطْنِ قَدَمَيْهِ وَهُوَ فِي الْمَسْجِدِ وَهُمَا مَنْصُوبَتَانِ، وَهُوَ يَقُولُ: «اللهُمَّ أَعُوذُ بِرِضَاكَ مِنْ سَخَطِكَ، وَبِمُعَافَاتِكَ مِنْ عُقُوبَتِكَ، وَأَعُوذُ بِكَ مِنْكَ لَا أُحْصِي ثَنَاءً عَلَيْكَ أَنْتَ كَمَا أَثْنَيْتَ عَلَى نَفْسِكَ».
[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم: 486]
المزيــد ...
Од Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, се пренесува дека рекла:
„Една ноќ забележав дека Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, не е во постелата, па почнав да го барам. Тогаш мојата рака ги допре неговите стапала, кои беа исправени, додека беше во намаз на местото каде што клањаше, и велеше:
,Аллаху мој, барам прибежиште во Твоето задоволство од Твојот гнев, во Твојата прошка од Твојата казна, и барам прибежиште во Тебе од Тебе. Не можам да Те пофалам доволно – Ти си тако како што Себеси си се пофалил.‘“
[صحيح] - [رواه مسلم] - [صحيح مسلم - 486]
Аиша, Аллах нека е задоволен со неа, рекла: „Спиев покрај Божјиот пратеник, салаллаху алејхи ве селем, и во текот на ноќта забележав дека го нема. Тогаш со раката го побарав местото каде што клањаше во одајата и го затекнав на сеџда, со исправени стапала, додека велеше:
,(Барам прибежиште) и приближување (при Твоето задоволство од Твојот гнев) врз мене или врз мојот умет, (и) барам прибежиште (во Твојата прошка), неизмерна прошка (од Твојата казна), (И барам прибежиште во Тебе од Тебе) и во Твоите својства на убавина од Твоите својства на величие, бидејќи никој не дава прибежиште од Тебе освен Ти. Нема спас, ниту засолниште од Аллах освен кај Него, (Не можам да Те пофалам доволно) – немам моќ, ниту можам да ги избројам и опфатам Твоите благодети и добрини како што навистина Ги заслужуваш, дури и ако се потрудам во тоа, (Ти си таков како што Себеси си се пофалил) – бидејќи Ти Самиот си се пофалил со пофалба што Ти прилега. Кој може да ја искаже пофалба кон Тебе на начин како што Ти заслужуваш (освен Тебе)?!‘“