عَنْ أَبِي هُرَيْرَةَ رَضِيَ اللَّهُ عَنْهُ قَالَ:
كَانَ رَسُولُ اللَّهِ صَلَّى اللهُ عَلَيْهِ وَسَلَّمَ يَدْعُو وَيَقُولُ: «اللَّهُمَّ إِنِّي أَعُوذُ بِكَ مِنْ عَذَابِ القَبْرِ، وَمِنْ عَذَابِ النَّارِ، وَمِنْ فِتْنَةِ المَحْيَا وَالمَمَاتِ، وَمِنْ فِتْنَةِ المَسِيحِ الدَّجَّالِ». وفِي لَفْظٍ لِمُسْلِمٍ: «إِذَا فَرَغَ أَحَدُكُمْ مِنَ التَّشَهُّدِ الْآخِرِ، فَلْيَتَعَوَّذْ بِاللهِ مِنْ أَرْبَعٍ: مِنْ عَذَابِ جَهَنَّمَ، وَمِنْ عَذَابِ الْقَبْرِ، وَمِنْ فِتْنَةِ الْمَحْيَا وَالْمَمَاتِ، وَمِنْ شَرِّ الْمَسِيحِ الدَّجَّالِ».

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري: 1377]
المزيــد ...

Ебу Хурејре, радијаллаху анху, вели:
Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, се молеше и го кажуваше следното: „Аллахумме инни е‘узу бике мин ‘азабил-кабри ве мин ‘азабин-нари ве мин фитнетил-махја вел-мемати ве мин фитнетил-месихид-деџџали“ (Аллаху, ја барам Твојата заштита од казната во гробот и од казната во пеколот, од искушенијата на животот и смртта и од искушенијата на лажниот Месија Деџал.)“ Во Муслим, се вели: „Кога некој од вас ќе биде на последниот тешехуд, нека побара од Аллах засолниште за четири работи: Казната на кабурот, искушението на животот, искушението на смртта и од злото на лажниот месија Деџал.“

[صحيح] - [متفق عليه] - [صحيح البخاري - 1377]

Објаснување

Аллаховиот Пратеник, алејхи селам, барал заштита од Аллах од четири работи, после зикрот на тешехуд-последното седење, а пред да даде селам. И ни наредил на тој начин да бараме заштита од Аллах.
Прво: од казнувањето во гробот.
Второ: од казната на огинот, на Судниот ден.
Трето: од искушенијата на животот, како што се забранетите овосветски уживања, застранетите идеологии. И заштита од искушението на смртта, во моментот кога умираме, да не скршнеме од верата ислам и традицијата, сунетот, или искушение во гробот, како што е испрашувањето кое ќе го спроведат двата мелека.
Четврто: искушението на лажниот месија Деџал кој ќе се појави кон крајот на светот, и со кого Аллах ќе ги стави на искушение луѓето, тој е посебно спомнат затоа што ќе биде големо искушение и многу луѓе ќе застранат од вистинскиот пат.

من فوائد الحديث

  1. Ова е една од најсеопфатните и поважните дови, бидејќи содржи барање заштита од Аллах од злото и на овој и на идниот свет.
  2. Потврда дека постои казнување во гробот и дека таа е вистина.
  3. Опасноста на искушенијата и важноста да бараме заштита од Аллах, и да се молиме за спас од нив.
  4. Потврда дека Деџалот ќе се појави и дека ќе биде големо искушение.
  5. Пофално е оваа дова да ја кажуваме на последното седење-тешехуд.
  6. Пожелно е да се помолиме (да направиме дова) после секое направено добро дело.
Преглед на преводи
Јазик: Англиски Урду Шпански Повеќе... (56)
Повеќе...